
37
се одвојуваат и може да ги миете во машина за
садови.
B Користење на четка за заби
(во зависност од моделот)
Полнење и Оперирање
Вашата четка за заби има водоотпорна рачка, е
електрично безбедна и дизајнирана за употреба
во бањата.
•
Приклучете го делот за полнење во штекер и
поставете ја рачката за заби (14) на делот за
полнење (11)(i).
•
Зелениот индикатор за полнење (13) свети
кога рачката се полни. Откако комплетно ќе се
наполни, индикаторот се исклучува.
Целосното полнење трае околу 12 часа и
овозможува најмалку 2 недели редовна
упоотреба (два пати на ден, 2 минути).
Забелешка: По големо празнење,
индикаторот за полнење може да не се вклучи
веднаш, тоа може да потрае до 30 минути.
•
Доколку батеријата безмалку ќе се испразни,
црвениот индикатор за полнење (12) ќе се
вклучи неколку секунди кога ќе ја вклучите/
исклучите Вашата електрична четка за заби и
моторот ја намалува брзината на работа. Кога
батеријата ќе се испразни до крај, моторот ќе
се исклучи; ќе треба да полните најмалку 30
минути за една употреба.
•
Секогаш можете да ја чувате рачката на
вклучен полнач за да ја одржувате секогаш
полна; батеријата не може да се пренаполни.
Забелешка: Чувајте ја рачката на собна
температура за најдобро одржување на
батеријата.
Напомена: Не ја изложувајте рачката на
температури повисоки од 50°C. Препорачана
температура на просторијата каде се полни е
од 5°C до 35°C.
Техники на чистење
Наводенете ја главата на четката и нанесете
било кој вид на паста за заби. За да се избегне
прскањето , поставете ја главата не четката (17)
на забите пред да го вклучите уредот( j).При
миење на забите со една од ротирачките Oral-B
четки, поместувакте ја главата на четката
пополека од заб на заб, задржувајќи се по
неколку секунди на површината на секој заб(n).
При користење на
Oral-B TriZone
глава на
четката, поставете ги влакната од четката на
забите и благо наклонете према непцата. Со
лесен притисок, почнете да четкате со покрети
напред-назад, баш како со обична четка за заби.
Со било која глава за четка за заби најпрво
четкајте кон надвор, после кон внатре и на крај
загризувачките површини. Четкајте ги сите
четири четвртини во усната празнина
подеднакво. Не притискајте прејако. Дозволете
и на четката да си го одработи своето. Можете
да се консултирате со стоматологот за
исправните техники на миење за заби,
соодветни за вас. Првите денови користењето
на било каква електрична четка за заби може да
го раскрварат вашето непце. Крварењето треба
да прекине за неколку дена. Доколку продолжи и
по две недели, ве молиме консултирајте се со
стоматолог. Доколку имате осетливи непца или
заби, Oral-B препорачува користење на
“Sensitive” начин на работа(во зависност од
моделот)( може да користите Oral-B Sensitive
глава за четка за заби).
Начини на четкање
(во зависност од моделот)
«Секојдневно чистење» («Daily Clean»)
– Стандард за секојдневно чистење на устата
«Чувствително»(«Sensitive»)
– Нежно, а сепак темелно чистење на
чувствителните делови.
«Избелување» («Whitening»)
– Извонредно полирање за повремена или
секојдневна употреба
« Грижа за непцата» («Gum Care»)
– нежно ги масира непцата
Како да менувате начини на чистење:
Вашата четка автоматски почнува со “Daily
Clean” начин на работа. За да го промените
начинот, претиснете го прекинувачот за
уклучување/ исклучување(15). Исклучете ја
четката за заби, со задржување на копчето on/
off додека моторот не запре.
Професионален мерач на време
Краток испрекинат звук, во интервал од
30 секунди ве потсетува да ги миете забите
еднакво на сите четири страни во устата(к).
Долг испрекинат звук означува дека имаат
поминато 2 минути, колку што препорачуваат
стоматолозите да трае четкањето на заби.
Поминатото време на четкање се меморира,
иако држачот го исклучите накратко за време
на чистењето. Кога паузирате повеќе од
30 секунди, мерачот на време се ресетира.
Сензор за притисок
За да ги заштитите вашите заби и непца од јако
четкање, вашата четка има сензоор за контрола
на притисокот (I). Доколку е употребен силен
притисок, црвен сензор ќе се активира(16) за да
ве потсети да го намалите притисокот. Во
продолжение ќе слушнете и друг звук додека
четкате. Периодично проверувајте ги
операциите на сензорот за притисок со благо
притискање на главата на четката додека ја
користите.
91470058_OC501_EETQ_AP_S6-64.indd 37
91470058_OC501_EETQ_AP_S6-64.indd 37
02.10.17 11:33
02.10.17 11:33
CSS APPROVED Effective Date 5Oct2017 GMT - Printed 22Nov2017 Page 36 of 63