Македонски |
167
Bosch Power Tools
1 609 92A 16H | (16.2.15)
Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот.
Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства.
Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот.
Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови.
Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
безбедносни напомени за глодалки
Држете го електричниот апарат на изолираните
дршки, бидејќи глодалката може да го фати
сопствениот струен кабел.
Контактот со струјниот
кабел може металните делови на уредот да ги стави под
напон и да доведе до електричен удар.
Зацврстете го делот што се обработува со стеги или
на друг начин на една стабилна подлога.
Доколку го
држите делот што се обработува само со рака или
спроти телото, тој е нестабилен и ова може да доведе до
губење на контролата.
Дозволениот број на вртежи на алатот што се
вметнува мора да биде исто толку висок како
највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот апарат.
Опремата што се врти побрзо од
дозволеното, може да се уништи.
Глодалките или другата опрема мора точно да
одговараат на прифатот за алат (затезната чаура) на
вашиот електричен апарат.
Алатите за вметнување
што не може точно да се прицврстат во прифатот за алат
на електричниот апарат, се вртат нерамномерно,
вибрираат многу јако и може да доведат до губење на
контролата.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот
апарат директно кон делот што се обработува.
Инаку
постои опасност од повратен удар, доколку алатот што
се вметнува се заглави во делот што се обработува.
Не посегајте со дланките во полето на глодање и во
глодалката. Со другата рака држете ја
дополнителната дршка.
Доколку со двете дланки ја
држите глодалката, нема да може да се повредите.
Не глодајте никогаш над метални предмети, клинци
и шрафови.
Глодалката може да се оштети и да доведе
до зголемени вибрации.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
Не користете тапи или оштетени глодалки.
Тапите
или оштетените глодалки предизвикуваат зголемено
триење, може да се заглават и да доведат до
нерамнотежа.
При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба.
Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за глодање на жлебови,
рабови, профили и долгнавести отвори на цврста подлога
во дрво, пластика и лесни градежни материјали како и за
копирно глодање.
При намален број на вртежи и со соодветните глодалки
може да обработувате и NE-метали.
OBJ_BUCH-2018-004.book Page 167 Monday, February 16, 2015 1:39 PM