Македонски |
63
Линиски ласер
GLL 5-50 X
Вид на заштита (освен
преградата за батерии)
IP 54 (заштита од прав и
прскање на вода)
A) Работното поле може да се намали поради неповолни
услови на околината (на пр. директна изложеност на сончеви
зраци).
B) утврдено место
C) кај
20–25
°C
D) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни
услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла,
нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни
температури може да дојде до отстапување во точноста.
E) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено
се очекува привремена спроводливост предизвикана од
кондензација.
F) достапно само во комбинација со ротирачка платформа
Серискиот број
(4)
на спецификационата плочка служи за јасна
идентификација на Вашиот мерен уред.
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За да го отворите капакот од преградата за батерии
(3)
притиснете на механизмот за заклучување
(2)
и извадете
го капакот од преградата за батерии. Ставете ги
батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на
внатрешната страна од преградата за батерии.
Ако трепка приказот за статус
(16)
, тогаш морате да ги
промените батериите.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
u
Ако не го користите мерниот уред подолго време,
извадете ги батериите.
При подолго складирање во
мерниот уред, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Работење со ротирачка платформа
(види слика A)
Со помош на ротирачката платформа
(12)
можете да го
вртите мерниот уред за 360° околу централната и
секогаш видливата точка на вертикалата. Со тоа точно се
поставуваат ласерските линии, без да ја промените
позицијата на мерниот уред.
Поставете го мерниот уред на ротирачката
платформа
(12)
, така што жлебовите за
прицврстување
(13)
на ротирачката платформа ќе се
вклопат во соодветните жлебови за прицврстување
(6)
на долната страна на мерниот уред. Вртете го мерниот
уред во правец на стрелките на часовникот, за да се
блокира на ротирачката платформа.
Одвртете ги ногарките на ротирачката платформа
(12)
со
завртки за подесување на висината
(10)
.
Грубо израмнете ја ротирачката платформа со помош на
либела
(8)
.
Ако мерниот уред е монтиран на ротирачката
платформа
(12)
тогаш можете точно да ги израмните
вертикалните ласерски линии на референтните точки со
завртка за фино подесување
(11)
.
Употреба
Ставање во употреба
u
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
u
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или температурни осцилации.
На пр.
не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи температурни осцилации, оставете го мерниот
уред прво да се аклиматизира и направете проверка
за точноста секогаш пред да продолжите со работа
(види „Контрола на точноста на мерниот уред“,
Страница 64).
При екстремни температури или температурни
осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се
наруши.
u
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот
уред.
По силни надворешни влијанија на мерниот
уред, пред да го употребите за работа, секогаш
извршете контрола на точноста (види „Контрола на
точноста на мерниот уред“, Страница 64).
u
Исклучете го мерниот уред за време на
транспортот.
При исклучувањето, се блокира
осцилирачката единица, која би се оштетила при
интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За
вклучување
на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
(7)
во
позиција „
On
“ (за работење со осцилаторна блокада)
или во позиција „
On
“ (за работење со автоматика за
нивелирање). Приказот за статус
(16)
светнува. Веднаш
по вклучувањето, мерниот уред испраќа хоризонтална
ласерска линија од предниот излезен отвор
(1)
.
u
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За
исклучување
на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
(7)
во
позиција „
Off
“. Приказот за статус
(16)
се губи. При
исклучување, осцилирачката единица се блокира.
u
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
и исклучете го по употребата.
Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
При надминување на највисоката дозволена работна
температура од
45
°C се исклучува заради заштита на
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се
вклучи.
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Мерниот уред автоматски се исклучува по
30
min работа.
Bosch Power Tools
1 609 92A 4HR | (26.11.2020)