210
| Македонски
u
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание.
Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
u
Користете ја батеријата само во производи од
производителот.
Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
u
Кратко по употребата не ги допирајте алатите за
вметнување или соседните делови на куќиштето.
За време на работата тие може да бидат многу жешки и
да предизвикаат изгореници.
u
Алатот за вметнување може да се заглави за време
на дупчењето. Обезбедете сигурна положба и
цврсто држете го електричниот алат со двете раце.
Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз
електричниот алат.
u
Бидете внимателни за време на кршењето со длето.
Деловите што паѓаат од материјалот за кршење може
да ги повредат присутните или себе си.
u
При работата, држете го електричниот алат цврсто
со двете дланки и застанете во сигурна положба.
Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства.
Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во
бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто
така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал,
керамика и пластика. Електричните алати со електронска
регулација и лев/десен тек се исто така погодни за
завртување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Брзозатегнувачка заменлива глава за дупчење
(GBH 36 VF-LI Plus)
(2)
SDS plus-заменлива глава за дупчење
(GBH 36 VF-LI Plus)
(3)
Прифат на алат SDS plus
(4)
Капак за заштита од прав
(5)
Чаура за заклучување
(6)
Заменлива глава за дупчење-прстен за
заклучување (GBH 36 VF-LI Plus)
(7)
Амортизација на вибрациите
(8)
Прекинувач за менување на правецот на
вртење
(9)
EPC-прекинувач (Electronic Precision Control)
(10)
Копче за отклучување на батерија
(11)
Копче за прикажување на наполнетоста на
батеријата
(12)
Приказ за контрола на температурата
(13)
Рачка (изолирана површина на рачката)
(14)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(15)
Батерија
a)
(16)
Копче за отклучување за прекинувачот за
запирање на удари/вртежи
(17)
Прекинувач за запирање на удари/вртежи
(18)
Работно светло
(19)
Копче за подесување на граничникот за
длабочина
(20)
Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
(21)
Граничник за длабочина
(22)
Сигурносна завртка за запчеста глава за
дупчење (GBH 36 V-LI Plus)
a)
(23)
Запчеста глава за дупчење (GBH 36 V-LI Plus)
a)
(24)
SDS plus-вратило за прифат за глава за дупчење
(GBH 36 V-LI Plus)
a)
(25)
Прифат за главата за дупчење (GBH 36 VF-
LI Plus)
(26)
Отвори за подесување
(27)
Клуч за затегнување на главата за дупчење
(GBH 36 V-LI Plus)
a)
(28)
Предна чаура на брзозатегнувачката заменлива
глава за дупчење(GBH 36 VF-LI Plus)
(29)
Затезен прстен за брзозатегнувачката
заменлива глава за дупчење (GBH 36 VF-LI Plus)
(30)
Универзален држач со SDS plus-вратило за
прифат
a)
a)
Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
1 609 92A 70H | (21.12.2021)
Bosch Power Tools