114
| Македонски
Употреба
Монтажа
u
Пред каква било интервенција на полначот, извлечете
го струјниот приклучок од приклучницата.
Поставување на
Bluetooth
® Low Energy Module
Напомена:
Кај полначот GAL 18V-160 C
Bluetooth
® Low
Energy Module е достапен како опрема, кај полначот GAL
18V-160 C Connected е содржана во обемот на
испораката.
За информации за
Bluetooth
® Low Energy Module
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Ѕидна монтажа
Полначот може да се користи или исправен (употреба на
маса/desktop use) или закачен на ѕид.
За прицврстување на ѕид: Направете две дупки на
растојанието според цртежот.
За прицврстување користете само завртки со
полутркалезна глава со дијаметар од 5 mm до макс.
6,5 mm.
86 mm
Ставање во употреба
u
Внимавајте на електричниот напон!
Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Полначите означени со 230 Vисто така може да се
користат и на 220 V.
Процес на полнење
Процесот на полнење започнува, штом ќе го вклучите
струјниот приклучок на полначот во ѕидната дозна и ќе ја
ставите батеријата
(1)
во отворот за батерија
(2)
.
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се
препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ќе
биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност
од температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
Во режимот на приправност најдолниот LED на приказот
за наполнетост на батеријата свети непрекинато зелено
(7)
.
Значење на елементите на приказот
Зелен приказ за наполнетост на батеријата (7)
5 те зелени LED светла ја прикажуваат
состојбата на полнење на батеријата за
време на процесот на полнење и после
процесот на полнење. Непрекинато LED
светло прикажува капацитет на батеријата од околу 20 %.
Состојба на LED
Капацитет на
батеријата од
околу .
5-те LED светла светат
последователно.
<20 %
Најдолното LED светло свети
непрекинато.
20 %
2-те LED светла светат непрекинато.
40 %
3-те LED светла светат непрекинато.
60 %
4-те најдолни LED светла светат
непрекинато.
80 %
5-те LED светат непрекинато.
> 95 %
Напомена:
Процесот на полнење е возможен, само
доколку температурата на батеријата е во дозволените
граници на температура за полнење, види дел „Технички
податоци“.
Црвен приказ за контрола на температурата/грешка
(5)
Трајно светло
Трајното црвено светло сигнализира, дека
температурата на батеријата е надвор од
дозволените граници на температура на
полнење, види дел „Технички податоци“.
Веднаш штом се постигнат дозволените граници на
температура, започнува процесот на полнење.
Трепкаво светло
Црвеното трепкаво светло сигнализира,
дека батеријата или полначот се дефектни.
Син приказ на статусот на поврзување (4)
Синото трепкаво светло прикажува, дека
постои поврзување со Вашиот мобилен
уред и/или трансферот на податоци е
активен.
Копче Power Boost (6)
Со притискање на копчето Power Boost
(6)
се активира
режимот за брзо полнење. Ова може да се врши пред да
се вметне батеријата или при вметната батерија. Копчето
Power Boost
(6)
свети црвено за време на брзото
полнење. Со повторното притискање на копчето Power
Boost се враќате во стандардниот режим.
1 609 92A 4EH | (24.10.2018)
Bosch Power Tools