152
| Македонски
F 016 L70 962 | (20.11.13)
Bosch Power Tools
Изјава за сообразност
Изјавуваме под сопствена одговорност дека производот
опишан под «Технички податоци» одговара со следните
норми или нормативни документи: EN 60335 Во склад со
директивите 2011/65/EU, 2004/108/EG, 2006/42/EG,
2000/14/EG.
2000/14/EG: Гарантирана јачина на звук 91 дБ (А).
Процедура за верификација на конформитетот V.
Категорија на производ: 34
Техничка документација (2006/42/EG, 2000/14/EG) при:
Bosch Lawn and Garden Ltd., PT-LG/ENS4,
Stowmarket, Suffolk IP14 1EY, England
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
24.09.2013
Монтажа и користење
Вклучување
За Ваша безбедност
Извадете ја батеријата од машината пред да
работите на неа (на пример пред редовно
одржување, замена на делови и слично), како и
пред транспорт и складирање.
Постои опасност од
повреда поради случајно притискање на прекинувачот.
Дувалката продолжува да дува уште неколку
секунди по исклучувањето. Пуштете го моторот на
машината сосема да застане пред повторно да го
вклучите. Не вклучувајте ја машината веднаш
откако сте ја исклучиле.
Полнење на батеријата
Не употребувајте друг полнач.
Приложениот полнач е
наменет за литиум-јонската батерија што се наоѓа во
оваа косачка.
Внимавајте на електричниот напон!
Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Полначите означени со 230 волти исто така може да се
користат и на 220 волти.
Батеријата е опремена со температурен монитор кој
дозволува полнење само на температури од 0 °C до 45 °C
степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Напомена:
Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија има «Electronic Cell Protection
(ECP)» против потполно празнење. Кога батеријата е
скоро празна дувалката престанува да работи со цел да се
заштити од оштетување: Ако јачината на дувањето нагло
опаѓа, батеријата е празна и треба да се наполни.
Не притискајте го копчето за
вклучување откако косачката
автоматски престанала да работи.
Батеријата може да се
оштети.
Полнење
Процесот на полнење започнува, штом ќе го вклучите
струјниот приклучок на полначот во ѕидната дозна и ќе ја
ставите батеријата во отворот за батерија.
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се
препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ќе
биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од
температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
Брзо полнење
Брзото полнење се сигнализира со
трепкање
на
зелениот
лед сигнал
.
Индикатор на батеријата: За време на процесот на
полнење трите зелени LED светла светнуваат едноподруго
и се гасат за кратко. Батеријата е целосно наполнета,
доколку трите зелени LED светла постојано светат. Околу
5 минути откако ќе се наполни целосно батеријата, трите
зелени LED светла повторно се гасат.
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
Цел на користењето
Слика
Обем на испорака
1
Прицврстување на млазницата
2
Полнење на батеријата
3
Вметнување на батерија
3
Приказ за наполнетост на батеријата
4
Вклучување
5
Гасење
5
Совети за работа
6
Одржување и чистење
7
Складирање и транспорт
7
Бирање на опрема
8
AL 3640 CV
Professional
AL 3620 CV
Professional
ВНИМАНИЕ
OBJ_BUCH-1951-003.book Page 152 Wednesday, November 20, 2013 10:43 AM