150
| Македонски
F 016 L70 962 | (20.11.13)
Bosch Power Tools
Не преоптоварувате се и секогаш одржувајте
рамнотежа.
Одржување
Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки,
завртки и шрафови, за безбедна употреба на
косачката.
Редово прегледувајте ја косачката и замеувајте ги
веднаш оштетените или изабените делови.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
Напомени за оптимално користење на
батериите
Извадете ја батеријата од машината пред да
работите на неа (на пример пред редовно
одржување, замена на делови и слично), како и
пред транспорт и складирање.
Постои опасност од
повреда поради случајно притискање на прекинувачот.
Употребувајте само Бош батерии наменети за оваа
косачка.
Употребата на некои други батерии може да
предизвика повреда или пожар.
Осигурајте се дека косачката е исклучена пред да и
ја ставите батеријата.
Ставањето на батеријата додека
косачката работи може да предизвика несреќа.
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од трајно изложување на сончеви зраци,
оган, вода или влага.
Постои опасност од
експлозија.
Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол.
Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош.
Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Батеријата полнете ја само со полначи препорачани
од Bosch.
Полнач што е погоден за полнење на еден
вид батерии може да предизвика пожар кога се користи
за полнење на некој друг, несоодветен вид на батерии.
Доколку е дефектна батеријата, од неа може да
излезе течност и да искапе на околните предмети.
Проверете ги соодветните делови.
Доколку е
потребно, исчистете ги или заменете ги.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch.
Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Користете само оригинални Bosch батерии со напон
кој е наведен на спецификационата плочка на
Вашиот производ.
При користење на други батерии,
на пр. имитации, истрошени батерии или непознати
производители, постои опасност од повреди како и
материјални штети доколку експлодира батеријата.
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
0 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Безбедносни напомени за полначи
Полначот држете го подалеку од дожд и
влага.
Навлегувањето на вода во полначот го
зголемува ризикот од електричен удар.
Полнете само Bosch литиум-јонски батерии или
вградени литиум-јонски батерии во производите на
Bosch. Напонот на батеријата мора да одговара на
напонот за полнење на батеријата.
Инаку постои
опасност од пожар и експлозија.
Одржувајте ја чистотата на полначот.
Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
Пред секое користење, проверете го полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку приметите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови.
Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
Не го користете полначот на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива
околина.
Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
Не ги оставајте децата без надзор.
Така ќе се
осигурате дека децата нема да си играат со полначот.
Децата и лицата, кои поради нивните физички,
сензорни или духовни способности или нивно
неискуство или непознавање не се во состојба,
безбедно да ракуваат со полначот, не смеат да го
користат истиот без надзор или инструкции од
страна на одговорно лице.
Инаку постои опасност од
погрешна употреба и повреди.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги симболите
и нивното значење. Правилната интерпретација на
симболите ќе Ви помогне подобро и побезбедно да ја
користите косачката.
OBJ_BUCH-1951-003.book Page 150 Wednesday, November 20, 2013 10:43 AM