Аспиратор / Прирачник за употреба
87 / МК
1
Важни упатства за безбедноста и
животната средина
•
Материјалите од амбалажата може
да се опасни, затоа држете ги
понастрана од деца.
•
Ако се оштети кабелот за струја,
за да се избегне каква било
опасност, мора да биде заменет
од производителот, техничкиот
сервисер или лица со слични
квалификации.
•
Во случај на пожар, исклучете го
аспираторот и уредите за готвење
и покријте го оганот. Никогаш не
употребувајте вода за да изгасите
оган.
•
Кога уредите за готвење работат,
деловите што може да се допираат
може да се жешки.
•
Уредот не смеат да го употребуваат
лица со намалена физички,
сензорни или ментални
способности (вклучувајќи деца)
или луѓе без адекватно искуство и
познавање на неговата употреба,
освен ако се надгледувани од лице
коешто е одговорно за безбедноста
на уредот.
•
По инсталирањето на аспираторот,
минималното растојание меѓу
производот и кој било електричен
уред за готвење мора да биде 65 cm,
и 75 cm меѓу производот и уреди за
готвење на гас или други горива.
•
Излезната цевка на аспираторот не
смее да биде поврзана со водови за
екстракција на чад од други уреди.
•
Треба да се внимава кога се
употребува уредот истовремено со
други уреди коишто го користат
истиот воздух во истата средина
(пр. гас, дизел, јаглен, дрво, бојлер
итн.). Тоа е поради фактот дека
аспираторот може да го намали
согорувањето бидејќи ослободува
воздух во атмосферата на
просторијата.
•
Ова предупредување не се однесува
на случаи на користење на уредот
без одвод за однесување на чадот.
•
Кога се употребува аспираторот
во истов време со други уреди на
гас или други горива, просторијата
мора да биде доволно проветрувана
(ова може да не се однесува на уреди
коишто го одведуваат воздухот
назад во просторијата).