преместувате на површината за
готвење.
• Овој апарат е наменет само за готвење.
Не смее да се користи за други намени,
на пример за загревање на простории.
2.4 Нега и чистење
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на површинскиот
материјал.
• Исклучете го апаратот и оставете го да
се олади пред чистењето.
• Не користете воден спреј и пареа за
чистење на апаратот.
• Чистете го апаратот со мека, влажна
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
производи, абразивни сунгери за
чистење, растворувачи или метални
предмети.
2.5 Сервис
• За да го поправите апаратот,
контактирајте со овластениот сервисен
центар. Користете само оригинални
резервни делови.
• Во однос на светилите во внатрешноста
на овој производ и резервните светилки
што се продаваат посебно: Овие
светилки се предвидени да издржат
екстремни физички услови во
апаратите за домаќинство, како што се
температура, вибрации, влажност или
се предвидени за давање сигнали за
работната состојба на апаратот. Тие не
се предвидени да се користат за други
намени и не се погодни за осветлување
простории во домот.
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или задушување.
• Контактирајте со општинската власт за
да добиете информации за правилно
расходување на апаратот.
• Исклучете го апаратот од приклучокот
за струја.
• Извадете го електричниот кабел блиску
до апаратот и фрлете го.
3. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
3.1 Пред монтажата
Пред да ја монтирате површината за
готвење, напишете ги информациите
подолу од плочката за спецификации.
Плочката со спецификации се наоѓа на
дното од куќиштето на апаратот.
Сериски број (S.N.) ............
3.2 Вградени плочи за готвење
Користете ги апаратите што се вградуваат
само ако се претходно вградени во
соодветни елементи за вградување и во
работни површини кои ги исполнуваат
стандардите.
3.3 Кабел за поврзување
• Површината за готвење се испорачува
со кабел за струја.
• За да го замените оштетениот
приклучник за струја, користете вид на
кабел: H05V2V2-F кој издржува
температура од 90°C или повисока.
Обратете се во локалниот сервисен
центар.
3.4 Склопување
Ако ја монтирате површината за готвење
под аспиратор, ве молиме да ги видите
упатствата за монтирање на аспираторот
за минималното растојание меѓу
апаратите.
МАКЕДОНСКИ 191
Содержание IKB64301FB
Страница 356: ...reciclaje local o póngase en contacto con su oficina municipal 356 ESPAÑOL ...
Страница 394: ......
Страница 395: ......
Страница 396: ...www aeg com shop 867366532 C 442022 ...