88
89
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем GBS за полнење на
батерии од GBS систем. Не користете батерии од друг
систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување!
За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Безжичниот моментен клуч моче да биде користен за
затегање или одвртување на навртки и шрафови секаде
каде не е достапно напојување.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
"Технички податоци" опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHS), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-2:2014
EN 55014-1:2017
EN 55014-2:2015
EN 50581:2012
Winnenden, 2018-01-29
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
УПОТРЕБА
Совет: Се препорачува секогаш по прицврстувањето
да го проверите затезниот момент со
динамометрички клуч.
Затезниот момент е под влијание на различни фактори,
вклучувајќи ги и следните фактори.
• Состојба на полнење на батеријата - Кога батеријата е
испразнета, напонот паѓа и затезниот момент се
намалува.
• Брзини - Користењето на алатот при мала брзина
доведува до помал затезен момент.
• Положба за прицврстување - Начинот на држење на
алатот или сврзувачкиот елемент влијае на затезниот
момент.
• Завиткан или вметнат приклучок - Користењето на
завиткан или вметнат приклучок со погрешна големина
или користењето на опрема што не е отпорна на удари
го намалува затезниот момент.
• Користење на опрема и продолжни елементи - Во
зависност од опремата или продолжниот елемент,
може да се намали затезниот момент на ударната
шрафилица.
• Завртка/навртка - Затезниот момент може да варира
во зависност од дијаметарот, должината и класата на
јачината на завртката/навртката.
• Состојба на сврзувачките елементи - Контаминирани,
кородирани, суви или подмачкани сврзувачки
елементи може да влијаат на затезниот момент.
• Деловите кои треба да се навртуваат - Јачината на
деловите кои треба да се навртуваат и која било
компонента меѓу нив (сува или подмачкана, мека или
тврда, завртка, заптивка или подлошка) може да
влијаат на затезниот момент.
ТЕХНОЛОГИИ ЗА ПРИЦВРСТУВАЊЕ
Колку подолго се навртува болтот, завртката или
навртката со ударната шрафилица, толку поцврсто тие
се затегнати.
За да избегнете оштетување на сврзувачите елементи
или работните парчиња, избегнувајте прекумерно
траење на навртуванјето.
Бидете посебно внимателни кога работите на помали
сврзувачки елементи, затоа што тие бараат помал број
на удари за да се постигне оптимален затезен момент.
Вежбајте со различни сврзувачки елементи и запомнете
го времето што ви е потребно за да го достигнете
саканиот затезен момент.
Проверете го затезниот момент со рачни
динамометрички клуч.
Ако затезниот момент е премногу висок, намалете го
времето на удар.
Ако затезниот момент е недоволен, зголемете го
времето на удар.
Маслото, нечистотијата, рѓата или другите загадувачи на
навојот или под главата на сврзувачкиот елемент
влијаат на затезниот момент.
Вртежниот момент што е потребен за олабавување на
сврзувачкиот елемент е во просек од 75% до 80% од
затезниот момент, зависно од состојбата на контактните
површини.
Зашрафете малку со релативно низок затезен момент и
користете рачни динамометрички клуч за финално
затегнување.
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора
да бидат целосно наполнети.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
МАКЕДОНСКИ
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батериското пакување е опремено со заштита од
преоптоварување што ја штити батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката
на батеријата автоматски ја исклучува машината. За да
продолжите со работа исклучете ја машината и вклучете
ја повторно. Доколку машината не се вклучи повторно,
можно е батериското пакување да е испразнето. Тогаш
тоа ќе мора да биде наполнето во апаратот за полнење.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само AEG додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на
адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Електричните апарати и батериите што се
полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да
се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
n
0
Брзина без оптоварување
n
Број на ударите
V
Волти
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
Содержание BSS 18C12Z
Страница 3: ...4 5 START STOP 10 8 9 6 11 ...
Страница 6: ...LOCK ...