160
Mak
Македонски
e) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен
удар како резултат на заглавен диск за делење.
Големи
материјали за обработка може да свијат како последица на својата
тежина. Материјалот за обработка мора да биде потпран на двете
страни и тоа како во близина на засекот за делење така и на работ.
f) Бидете посебно внимателни при „Џебни засеци„ во
постоечки ѕидови или други подрачја каде што се нема
увид.
Дискот што навлегува може да предизвика повратен удар
при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични
водови или други објекти.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија
за шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за
мазнење.
Следете ги податоците на производителот по однос
на големината на листот за мазнење. Листови за шмирглање
што зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат да
предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на листовите
или да доведат до повратен удар.
Специјални безбедносни упатства во врска со работата
со четките со жица:
a) Обратете внимание на тоа, дека челичната четка
и за време на вообичаената употреба губи парчиња
жица. Не ги преоптоварувајте жиците со премногу
висок притисок на притиснување.
Парчиња жица кои што
се разлетуваат, би можеле многу лесно да продрат низ лесна
облека и/или кожата.
b) Доколку е препорачана заштитна капа, спречете да
дојде до можност за допир помеѓу заштитната капа и
четката со жица.
Кај четките со подножје и за четкање може
да дојде до зголемување на нивниот дијаметар како резултат
на притисокот при допир и на центрифугалните сили.
Останати безбедносни и работни упатства
Секогаш проверувајте дали копчето за вретенасто
заклучување е целосно откочено пред да го вклучите алатот!
По користење на вретенастото заклучување за зацврстување
/ олабавување на абразивниот диск, можно е копчето да се
заглави во позицијата за заклучување. Истовремено, може да
предизвика активирање на заштитата на алатот или батеријата
и да го спречи доводот на електрична енергија до алатот.
Исклучете го прекинувачот, извадете ја батеријата, а потоа
внимателно занишајте го дискот наназад и нанапред за да го
ослободите копчето за вретенасто заклучување.
Забелешка: Ако е активирана и заштитата на батеријата,
едноставно извадете ја батеријата од алатот и заменете ја, при
што ќе се ресетира заштитата.
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете
се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар,
запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина
(зона на искрење). Не користете издув за прав.
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат
телото.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја
најдете причината за нив.
При екстремни услови (пр: фино глодање метали со вретено
или глодачко тркало со вулканизирани влакна), значително
загадување може да се насобере одвнатре на аголната
глодалка.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Користете исклучиво Систем GBS за полнење на батерии од GBS
систем. Не користете батерии од друг систем.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и ако се користи аголна брусилка како што е пропишано,
сè уште не е можно целосно да се елиминираат извесни
преостанати фактори на ризик. Може да се појават следните
ризици и операторот треба да обрне посебно внимание да го
избегне следното:
Повреда предизвикана од исфрлени честички.
Во очите може да навлезат метални или абразивни честички и
да предизвикаат сериозно трајно оштетување.
Носете специјални очила за брусење секогаш кога го користите
производот
Повреда предизвикана од вибрации.
Ограничете го изложувањето. Видете го ПРЕДУПРЕДУВАЊЕТО
за вибрации!
Повреда предизвикана од прав.
Носете соодветна маска за контролирање на правта со филтри
погодни за заштита од честички од материјалот на кој се
работи и абразивни честички од дискот за брусење.
Немојте да јадете, да пиете или да пушите во работниот
простор. Обезбедете соодветно проветрување.
Повреда од контакт со дискот за брусење.
Дискот и работниот дел ќе се вжештат при употребата.
Носете ракавици кога ги менувате дисковите или го допирате
работниот дел. Дланките нека ви бидат постојано настрана од
делот што го брусите.
Приклештете го работниот дел секогаш кога е возможно.
Повреда предизвикана од бучава.
Долготрајната изложеност на бучава ќе го зголеми ризикот
од оштетување на слухот, а ефектите се кумулативни. Кога
користите електрични алати подолг време, носете заштита за
ушите.
Долготрајната употреба на алатот може да предизвика
повреди или да ги влоши постојните. Ако користите некој алат
подолго време, правете редовни паузи.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Аголната брусилка е наменета за брусење и сечење метални,
камени, бетонски и керамички материјали, како и пескарење и
чистење арматура со челична четка.
Содержание BEWS18-115BL
Страница 5: ...3 I ...
Страница 6: ...4 II 1 2 3 4 1 2 ...
Страница 7: ...5 6mm 6mm 2 1 3 4 5 III ...
Страница 8: ...6 III 2 3 1 ...
Страница 9: ...7 IV 1si f 140 1200 100 2 1 1si f 140 1200 100 ...
Страница 10: ...8 30 6 0 30 6 0 0 30 60 30 60 0 V 0 30 30 60 60 30 6 0 30 6 0 0 ...
Страница 11: ...9 VI 1 1 2 2 ...
Страница 12: ...10 VI 78 100 33 54 55 77 10 32 10 ...
Страница 13: ...11 VII Start Stop 1 3 2 1 2 ...
Страница 16: ...14 VIII TIP TIP 30 ...
Страница 20: ...18 X 1 2 3 4 ...
Страница 176: ...Techtronic Industries GmbH Max Eyth Straße 10 71364 Winnenden Germany www aeg powertools eu 08 18 4931 4256 03 ...