
90
сè уште се движи, бидејќи може да следува повратен удар.
Откријте ја причината за заглавувањето на листот на пилата и отстранете ја со
соодветни мерки.
c. Ако сакате повторно да ја стартувате пилата која што се наоѓа во предметот
за обработка, центрирајте го листот на пилата во рамката на пилата и
проверете дали запците на пилата се заглавени во предметот за обработка.
Ако листот на пилата е заглавен, тој може да се измести од предметот за обработка
или да предизвика повратен удар ако пилата повторно се стартува.
d. Прицврстувајте ги големите плочи за обработка за да го избегнете ризикот
од повратен удар поради заглавување на листот на пилата.
Големите плочи може да се свиткаат поради својата сопствена тежина. Плочите мора
да бидат прицврстени на двете страни, односно и во близина на рамката на пилата
и на рабовите.
e. Не користете тапи или оштетени листови за пилата.
Листовите за пилата со тапи или погрешно насочени запци предизвикуваат зголемено
триење, заглавување на листот и повратен удар како резултат на претесната рамка
на пилата.
f. Пред сечењето цврсто зашрафете ги завртките за приспособување на
длабочината на сечење и на аголот на сечење.
Ако за време на сечењето се променат приспособувањата, листот на пилата може да
се заглави и да настане повратен удар.
g. Бидете особено внимателни при правењето „длабински засек„ во скриена
област, како на пример во постоечки ѕид.
Листот на пилата којшто навлегува во вдлабнатината може за време на сечењето да
се блокира во скриени предмети и да предизвика повратен удар.
h. Пред секое користење проверувајте дали долната заштитна хауба се затвора
непречено. Не користете ги пилите ако долната заштитна хауба не може да
се движи слободно и не се затвора веднаш. Никогаш не прицврстувајте ја
или не затегнувајте ја долната заштитна хауба во отворена положба.
Ако пилата случајно падне на подот, долната заштитна хауба може да се свитка.
Отворете ја заштитната хауба со рачката за влечење и уверете се дека таа се движи
слободно и не го допира ниту листот ниту другите делови при секој агол и длабочина
на сечење.
i. Проверете ја функцијата на пружината за долната заштитна хауба. Ако
долната заштитна хауба и пружината не функционираат непречено,
поправете ги пред повторно да го користите уредот.
Оштетените делови, лепливите површини за складирање или собирањето на деланки
ја намалуваат брзината на движење на заштитната хауба.
j. Долната заштитна хауба отворете ја рачно само за посебен тип засеци,
како „длабински засеци и засеци под агол“. Отворете ја долната заштитна
хауба со клучот за влечење и отстранете го клучот штом листот на пилата
ќе навлезе во предметот за обработка.
Во сите останати случаи долната заштитна хауба мора да функционира автоматски.
k. Не оставајте ја пилата врз работната маса или на подот без притоа
заштитната хауба да го покрива листот на пилата.
Незаштитениот, ротирачки лист на пилата ја движи пилата спротивно од правецот на
1255603 WB 65 HKS N BDA.indd 90
1255603 WB 65 HKS N BDA.indd 90
18.01.21 11:30
18.01.21 11:30