![WORKERS BEST WB 250 MFW Manual Download Page 77](http://html1.mh-extra.com/html/workers-best/wb-250-mfw/wb-250-mfw_manual_997059077.webp)
76
d. Електричните алатки што не ги користите, чувајте ги надвор од дофат на деца.
Не дозволувајте електричната алатка да ја користат лица кои не се запознаени
со начинот на работа на алатката или пак ги немаат прочитано овие упатства.
Електричните алатки се опасни кога се користат од страна на неискусни лица.
e. Внимателно одржувајте ја електричната алатка и алатките за вградување.
Проверувајте дали подвижните делови на електричната алатка
функционираат беспрекорно и не закачуваат и дали се скршени или
оштетени некои делови коишто влијаат на функционирањето на алатката.
Сменете ги оштетените делови пред повторно да ја користите електричната
алатка. Оштетените делови сменете ги пред повторно да го користите уредот.
Многу несреќи настануваат поради лошо одржување на електричните алатки.
f. Алатките за сечење чувајте ги остри и чисти. Грижливо негуваните алатки за¬сечење
со остри рабови на сечилата помалку се блокираат и се полесни за управување.
g. Користете електрична алатка, алатка за вградување, односно алатки
за вградување согласно овие препораки. Притоа, земете ги предвид
работните услови и работата која треба да ја реализирате. Користењето
електрични алатки за други намени различни од предвидената може да доведе
до опасни ситуации.
h. Рачките и деловите за држење треба да бидат суви, чисти и незамаестени.
Лизгавите рачки и делови за држење спречуваат безбедно ракување и контрола
на електричната алатка во непредвидени ситуации.
5. Сервисирање
a. Поправките на уредот да се вршат од страна на квалификуван стручен персонал
и со оригинални резервни делови. На тој начин се гарантира безбедноста на
електричната алатка.
b. За електрични уреди со тип на прицврстување X, кај кои што е потребен специјално
подготвен приклучен кабел за замена на приклучниот кабел: Ако се оштети приклучниот
кабел на електричната алатка, тој мора да се замени со специјално подготвен приклучен
кабел кој што може да го добиете во службата за услуги за потрошувачи.
Безбедносни упатства за мултифункционалната алатка
•
Држете го уредот за изолираните делови на рачката кога вршите работи
кај кои алатката за вградување може да дојде во контакт со скриени
струјни врски или со сопствениот мрежен кабел. Контактот со врска која
спроведува напон може да ги стави под напон и металните делови на уредот и
да доведе до електричен удар.
•
Електричната алатка користете ја само за суво брусење. Навлегувањето на
вода во електричниот уред го зголемува ризикот од електричен удар.
•
Рацете држете ги настрана од областа на пилата. Не допирајте ја
површината под предметот за обработка. При контакт со листот на пилата
постои опасност од повреди.
•
Користете соодветни испитни уреди за да ги откриете скриените врски
за напојување или стапете во контакт со локалната фирма за напојување
со електрична енергија. Контактот со електрични врски може да доведе до
1252645_BDA_WB_250_MFW.indd 76
1252645_BDA_WB_250_MFW.indd 76
14.12.20 14:13
14.12.20 14:13