![WORKERS BEST WB 250 MFW Manual Download Page 76](http://html1.mh-extra.com/html/workers-best/wb-250-mfw/wb-250-mfw_manual_997059076.webp)
75
3. Безбедност на лица
a. Бидете внимателни, внимавајте како постапувате и свесно пристапете и на
работата со електрична алатка. Не користете ја електричната алатка кога
сте уморни или пак кога сте под влијание на дроги, алкохол или лекарства.
Само еден момент на невнимание при користењето на електричната алатка
може да доведе до сериозни повреди.
b. Секогаш носете опрема за лична заштита и заштитни очила. Носењето на
опрема за лична заштита како маска против прашина, чевли кои не се лизгаат,
заштитен шлем или заштита за уши во зависност од видот и намената на
електричната алатка, го намалува ризикот од повреди.
c. Избегнувајте ненамерно стартување на алатката. Уверете се дека
електричната алатка е исклучена пред да ја приклучите во струја и/
или со батерија, или пред да ја подигнете или носите. Ако при носењето
на електричната алатка ви стои прстот на прекинувачот или ако претходно
вклучената електрична алатка ја приклучите во струја, може да настане несреќа.
d. Пред да ја вклучите електричната алатка, отстранете ги сите алатки за
приспособување или клучевите за зашрафување. Алатка или клуч кој се
наоѓа на дел од ротирачкиот дел на електричната алатка, може да доведе до
несреќа.
e. Избегнувајте неприродно држење на телото. Погрижете се да стоите во
сигурна положба и држете рамнотежа. На тој начин можете подобро да ја
контролирате електричната алатка во непредвиливи ситуации.
f. Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата,
облеката и ракавиците држете ги понастрана од подвижните делови.
Широката облека, накитот и долгата коса може да бидат зафатени од подвижните делови.
g. Ако можете да поставите опрема за вшмукување прав и ако можете да
ја користите правилно. така можете да ги намалите опасностите што ги носи
правта.
h. Не користете ја алатката кога безбедноста е нарушена и не прекршувајте ги
безбедносните правила за електричната алатка дури и ако сте запознаени
со алатката поради претходно користење. Невнимателното ракување може
да предизвика сериозни повреди за дел од секунда.
4. Употреба на и управување со електричната алатка
a. Не оптоварувајте ја електричната алатка. Користете ја електричната алатка
со соодветна намена за вашата работа. Со соодветната електрична алатка ќе
работите подобро и посигурно во дадената работна област.
b. Не користете електрична алатка чиј што прекинувач е дефектен.
Електричната алатка која што повеќе не може да се вклучува или исклучува е
опасна и мора да се однесе на поправка.
c. Извлечете го приклучокот од штекер и/или отстранете ја акумулаторската
батерија пред да правите приспособување на електричната алатка,
менување на додатоците или нејзино складирање. Оваа безбедносна мерка
го спречува непланираното вклучување на уредот.
1252645_BDA_WB_250_MFW.indd 75
1252645_BDA_WB_250_MFW.indd 75
14.12.20 14:13
14.12.20 14:13