69
на врската која спроведува напон може да ги стави под напон и металните делови
на уредот и да доведе до електричен удар.
Монтажа
Извадете ја електричната алатка од амбалажата. Пред монтажата не приклучувајте ја
во струја.
Поставување на брусната хартија
Вибрационата брусилка е опремена со правоаголна рамка за брусење. За да
добиете оптимален резултат, важно е брусната хартија добро да се затегне. Добро
затегнатата хартија се аби помалку и може да се користи подолго време.
• Извлечете го приклучокот од дозната.
• Отворете го задниот стегач (3) (Стегачот (3) пртискајте го нагоре за да излезе од
жлебот).
• Поставете ја брусната хартија под стегачот. Внимавајте дупките да се усогласени
со вибрационата плоча.
• Повторно наместете го стегачот (3).
• Повторете ја постапката за прицврстување на брусната хартија на другата страна.
Преден стегач (4)
• Проверете дали се затнати отворите за вшмукување пред да ја поставите брусна- та
хартија. Внимавајте дупките да се усогласени.
• Брусната хартија прицврстете ја колку што можете повеќе.
Внимание! Извлечете го мрежниот приклучок пред да почнете со менување на
брусната хартија
Надворешни услови
Електричниот уред е димензиониран за наизменичен напон од 230 V и мрежна
фреквенција од 50 Hz. Проверете дали продолжниот кабел е оштетен и дали е
правилно поврзан со дозната на мрежата за напојување и со мрежниот приклучок
на електричниот уред.
Информација за изборот на правилен продолжен кабел ќе добиете од вашиот
стручен советник.
Пуштање во работа
За време на работа носете заштитни очила, заштита за уши, заштитни ракавици и
соодветна работна облека!
1255601 BDA WB 180 SS N.indd 69
1255601 BDA WB 180 SS N.indd 69
28.12.20 08:36
28.12.20 08:36