ПЕГЛАЊЕ СО ПАРЕА
-
Ставетеја пеглата во вертикална положба, а потоа подесете го регулаторот за
температура на минимална вредност/ слабо загревање
-
Вклучете го кабелот за напојување во штекерот, а потоа подесете го регулаторот за
температура на највисока температура. Сигналната ламба за температура ќе се
запали, како знак дека пеглата започнала со греење.
-
Кога ламбата за температура ќе се исклучи, то е знак дека пеглата ја постигнала
зададената температура и дека е спремна за користење.
-
Додека трае пеглањето,ламбата - индикатор за температура на пеглата ќе продолжи
самата да се вклучува и исклучува додека термостатскиот прекинувач ја одржува
зададената температура (додека трае овој процес, можете непречено да продолжите со
пеглањето)
-
Поставете го регулаторот за јачина на пареа на посакуваната положба
-
Пеглата ќе почне да испушта пареа штом се постави и хоризонтална положба.
ПРСКАЊЕ
-
Притиснете го копчето што го активира испуштањето на ситни капки вода. Користете го
овој спреј за влажнење на облеката која се пегла, ако е потребно.
Напомена
: Кога се користи функцијата прскање вода, проверете дали во резервоарот има
доволно вода. При првото користење на водниот млаз, можеби ќе биде потребно неколку
пати едно по друго да го притиснете копчето за прскање, додека не ја стартувате
функцијата прскање.
ПЕГЛАЊЕ СО МЛАЗ ПАРЕА ИЛИ ВЕРТИКАЛНО
ПЕГЛАЊЕ СО ПАРЕА
-
Притиснете го копчето за исфрлање млаз пареа и пеглата ќе исфрли силен млаз водена
пареа, која продира длабоко во ткаенината и помага да ги испегла најсложените превои и
изгужвани делови од ткаенината. Почекајте неколку секунди пред повторно да го
притиснете копчето за млаз пареа.
-
Со повремено притискање на копчето за млазот пареа можете исто така да пеглате
држејќи ја пеглата во исправена положба (завеси, гардероба која претходно сте ја закачиле
да виси итн.)
Напомена: Функцијата на млазот пареа исклучиво може да се користи на висока
температура.Кога индикаторот за температура ќе се исклучи, престанете со испуштање на
млазот пареа- продолжете со притискање на копчето и со пеглање кога сијаличката
повторно ќе се вклучи.
ПЕГЛАЊЕ “НА СУВО“
За пеглање без користење на водена пареа, постапите спрема упатствата во делот
ПЕГЛАЊЕ НА ПАРЕА, со тој исклучок што регулаторот за јачина на пареата мора да остане
во позиција OFF( кој означува дека пареата не се користи).
СИСТЕМ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА БИГОР
Специјален филтер во внатрешноста на резервоарот ја омекнува водата и го спречува
таложењето на бигор на плочата за пеглање. Филтерот е перманентен и не бара замена.
4
Summary of Contents for DBL-5071
Page 54: ...www voxelectronics com ...