246
MK
примени соодветно привремено решение. Оваа состојба мора да се пријави кај сопственикот на
опремата со цел сите страни да бидат информирани за истата.
Првичните безбедносни проверки вклучуваат следно:
- Дека кондензаторите се испразнети: ова треба да се направи безбедно, за да се избегне можноста за
појава на искри;
- Дека неизолираните електрични компоненти и жици не се изложени при полнење, поправка или
чистење на системот;
- Дека постои континуитет на заземјувањето.
17.
Поправка на заптивни компоненти
1. При поправка на заптивните компоненти, а пред да ги отстраните заптивните капаците и сл.,
неопходно е да се исклучи секое напојување на опремата на која се изведува работата. Ако е
апсолутно неопходно да се напојува опремата за време на сервисирањето, тогаш уредот за откривање
на истекување мора постојано да биде вклучен на најкритична точка за да се даде предупредување за
потенцијално опасна ситуација.
2. Особено внимание треба да се посвети на следново за да се осигури дека работата на
електричните компоненти не предизвикува промени во куќиштето што ќе го намали нивото на
заштита. Овие промени вклучуваат оштетување на каблите, прекумерен број на врски, приклучоци
што не соодејствуваат со оригиналните спецификации, оштетување на заптивки, неправилно
инсталирани заптивни чепови и т.н.
Осигурете се дека уредот е безбедно прицрстен.
Осигурете се дека заптивките или заптивните материјали не се истрошени до таков степен што веќе
не ја исполнуваат својата цел, а тоа е оневозможување на навлегување на запалив воздух. Резервните
делови мора да ги исполнуваат спецификациите на производителот.
ЗАБЕЛЕШКА: Употребата на силиконски заптивки може да го наруши работењето на одредени типови
опрема за детектирање на истекување. Не е неопходно да се изолираат компонентите со својствена
безбедност пред да извршите работа на нив.
18.
Поправка на компоненти со својствена безбедност
Не применувајте константни индуктивни или капацитивни оптоварувања на колото, освен ако прво
не сте се увериле дека тоа нема да предизвика надминување на дозволените вредности на напонот и
струјата за опремата што ја користите.
Компонентите со својствена безбедност се единствениот вид компоненти на кои што може да се
работи додека се под напон во присуство на запалива атмосфера. уредот за тестирање треба да ги
има соодветните спецификации.
Компонентите заменете ги само со резервни делови наведени од производителот. Другите резервни
делови може да предизвикаат запалување на средството за ладење присутно во атмосферата при
истекување.
19.
Кабли
Осигурете се дека каблите не се изложени на абење, корозија, прекумерен притисок, вибрации, остри
рабови или други негативни ефекти врз животната средина. При проверка, треба да се земат предвид
и ефектите од стареење или постојана изложеност на вибрации кои потекнуваат од компресори или
вентилатори.
20.
Детектирање на запаливи средства за ладење
Под никакви околности не треба да се користат потенцијални извори на палење како начин за
пребарување или откривање на истекување на средството за ладење. Халогената ламба (или кој било
друг детектор со отворен пламен) не смее да се користи.
21.
Методи за детектирање на протекување
Методите, што се сметаат за прифатливи за детектирање на протекување во системите што содржат
запаливи средства за ладење, ги вклучуваат следниве постапки:
Користете електронски детектори за истекување за да откриете запаливи средства за ладење,
иако тие може да имаат несоодветна чувствителност или може да бараат повторна калибрација.
(Калибрацијата на опремата за детекција мора да се изврши во околина без средство за ладење).
Осигурете се дека уредот за детекција не е потенцијален извор на палење и е соодветен за
средството за ладењ кое се употребува. Опремата за детекција на истекување мора да се прилагоди
на процентот на „LFL“ (пониски граници на запаливост) на средството за ладење и мора да биде
калибрирано според средството за ладење кое што се употребува, а соодветниот процент на гас
(максимум 25%) мора да биде потврден.
Течностите за детектирање на истекување се погодни за употреба кај повеќето ладилни средства.
Сепак, треба да се избегне употреба на детергенти што содржат хлор, бидејќи хлорот може да
реагира со ладилното средство и да предизвика корозија на бакарните цевки.
Доколку постои сомневање за истекување, треба да се отстранат сите извори на отворен пламен/
отворениот пламен мора да се изгасне.
Ако е детектирано истекување на ладилно средство за кое се бара лемење, целата количина на
средството за ладење мора да се извлече од системот или да се изолира (со затворање на вентилот)
во дел од системот подалеку од точката на истекување. Системот потоа се чисти со пуштање на азот
без кислород (oxygen free nitrogen, OFN) и пред и за време на процесот на лемење.
22.
Празнење и евакуација
При отворање на инсталацијата за средството за ладење за поправки или за која било друга цел,
се следат стандардни процедури. Сепак, многу е важно да се применат најдобри практики, бидејќи
Summary of Contents for TT37AF-1232IAW
Page 353: ......
Page 354: ...www tesla info ...