ВНИМАНИЕ!
За ваша сигурност и за без
бедноста на другите:
– Правилно одржување е основно за
обезбедување ефикасно темпо и безбедност
на оригиналните делови на машината.
– Сите завртки, навртки и лостови одржувајте
ги соодветно зацврстени за да сте сигурни
дека косачката е безбедна за работа.
– Никогаш не користете ја машината со кори
стени или оштетени делови. Оштетените де
лови се заменуваат, никогаш не се поправаат.
– Користете само оригинални резервни делови.
Делови со несоодветен квалитет можат да ја
оштетат машината и да ја загрозат безбед
носта.
ВНИМАНИЕ!
При
операции
на
одржување:
– Исклучете ја машината од довод на ел.
енергија.
– Користете заштитни ракавици при операции
што се однесуваат на лостот и на ланецот.
– Секогаш нека се поставени заштитниците за
лостот, дури и при интервенција на самиот
лост и на самиот ланец.
– Не фрлајте наоколу масло и други какви било
материјали.
1. ЛАДЕЊЕ НА МОТОРОТ
За да се избегне прегревање и оштетување на мо
-
торот, решетките за проток на воздух за ладење
треба секогаш да се одржуваат чисти и ослободени
од остатоци при пилење и друго.
2. КОЧНИЦА НА ЛАНЕЦОТ
Контролирајте ја ефикасноста на кочницата на ла
-
нецот редовно.
3. КОПЧЕ ЗА ЛАНЕЦОТ (Сл. 20)
Редовно контролирајте ја состојбата на копчето и
заменете го кога истрошеноста ќе надмине 0.5 мм.
Не монтирајте нов ланец со старо копче и обратно.
4. КОПЧЕ ЗА БЛОКИРАЊЕ НА ЛАНЕЦОТ
Ова копче е важен елемент во однос на безбедно
-
ста бидејќи спречува неконтролирани движења на
ланецот при случај на кинење или развлекување.
Редовно контролирајте ја состојбата на копчето и
заменете го кога ќе се оштети.
5. ФИКСИРАНОСТ
Периодично контролирајте ја прицврстеноста на
сите навртки и завртки, како и дали рачките се
цврсто фиксирани.
6. ИЗОСТРЕНОСТ НА ЛАНЕЦОТ
ВНИМАНИЕ!
Од безбедносни причини и
поради ефикасност во работата, многу е важно
елементите за сечење да бидат добро нао
стрени. Сите операции што се однесуваат на
ланецот и на лостот се работи што бараат спец
ифична компетентност со ангажирање соо
дветна опрема за да може работата да се из
веде правилно; од безбедносни причини,
контактирајте со продавачот.
Острење е неопходно кога:
•
струготините личат на прашина,
•
сечењето се одвива со многу сила,
•
сечењето не е линеарно,
•
вибрациите се зголемени.
Острење во специјализиран центар се остварува со
соодветни апарати кои обезбедуваат минимално
распрскување на материи и острење константно за
сите видови сечења.
Ланецот треба да се смени кога:
– должината на сечивата ќе се намали за најмалку
5 мм;
– кога движењето на оклопот врз наковална е
тешко.
7. ПРАЗНЕЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ
ЗА МАСЛО (само ако користите биолошко
масло за ланци)
Употребата на неколку видови биолошко
масло може да предизвика создавање талог и
калцификација по одреден период на употреба.
Во тој случај, пред да ја одложите машината на по
-
долг период на неупотреба:
– извадете ги ланецот и лостот,
– испразнете го резервоарот за масло,
– ставете во резервоарот соодветен течен детер
-
гент до средината на максималното ниво,
– затворете го капачето на резервоарот и вклучете
ја машината додека не го исфрли сиот детергент.
Не заборавајте да напоните масло пред повторното
користење на машината.
12
ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈА
MK
8.
ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈА
Summary of Contents for 8008984623149
Page 2: ......
Page 4: ...3 ...
Page 5: ......
Page 6: ......
Page 360: ...STIGA SpA Via del Lavoro 6 31033 Castelfranco Veneto TV ITALY dB LWA Type s n Art N ...