79
Македонски
2
Отстранете ја и фрлете ја главата на четката.
Покријте ја целата површина на рачката со
крпа или ткаенина.
2
1
3
Држете го горниот дел на рачката со едната
рака и удрете го куќиштето на рачката околу 1
цм над долниот крај. Удрете силно со чекан на
сите 4 страни за да се одвои крајното капаче.
Забелешка: Можеби ќе треба да удирате на
краевите неколку пати за да ги одвоите
внатрешните врски.
4
Отстранете го крајното капаче од рачката на
четката за заби. Ако крајното капаче не се
одвои лесно од куќиштето, повторувајте го
чекорот 3 додека крајното капаче не се одвои.
5
Држејќи ја рачката наопаку, притиснете го
издадениот дел на цврста површина. Ако
внатрешните компоненти не се одвојуваат
лесно од куќиштето, повторувајте го чекорот 3
додека не се одвојат.
6
Повлечете го внатрешниот склоп за да го
одделите од куќиштето.
7
Вметнете го шрафцигерот помеѓу долниот дел
на батеријата и рамката за да ја одвоите
металната плочка што ја поврзува батеријата со
печатената струјна плоча.
8
Фатете ја батеријата и извлечете ја од
внатрешните компоненти за да ја одвоите од
втората метална плочка на батеријата.
Внимание: Внимавајте на острите рабови од
плочките на батеријата за да не ги повредите
прстите.