Македонски-5
Безбедносни информации
2
-3
• При претерана употреба или екстремни
температурни услови, може да дојде до
протекување на батеријата. Ако течноста ве
допре на кожа, брзо измијте ја со вода. Ако
течноста ви навлезе во очи, веднаш почнете
да ги плакнете со чиста вода, најмалку 10
минути. Побарајте помош од медицинско
лице.
• За повеќе информации за еколошките
обврски на Samsung и регулаторните
обврски за специфични производи на
пр., REACH, посетете ја веб-страницата:
samsung.com/uk/aboutsamsung/
samsungelectronics/corporatecitizenship/
data_corner.html
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Во врска со напојувањето
• Намалете го ризикот од пожар, електричен
удар или повреда.
–
Немојте да го оштетувате кабелот за
напојување.
–
Немојте да го влечете кабелот за
напојување премногу силно или да го
допирате кабелот за напојување со
влажни раце.
–
Немојте да користите извор на напојување
кој е различен од 100-240 V, ниту
пак продолжителен кабел со повеќе
приклучоци за истовремено напојување на
повеќе уреди. (Не го оставајте кабелот на
подот.)
–
Не употребувајте оштетен приклучок за
напојување, кабел за напојување или
разлабавен штекер.
• Исчистете ја правта или другите
надворешни честички од контактот на
приклучокот за напојување.
–
Постои ризик од електричен удар или
дефект.
Пред употреба
• Не употребувајте ја POWERbot во близина
на согорливи материјали.
–
На места во близина на свеќи, столни
ламби, камини или покрај запаливи
материјали како бензин, алкохол,
разредувач итн.
• POWERbot е наменета за домашна
употреба, па немојте да ја употребувате
во поткровја, подруми, складишта,
индустриски објекти, простор на отворено,
места со влага (како на пример бања,
пералница), на маса или полици.
–
POWERbot може да се оштети или да не
работи правилно.
• Погрижете се POWERbot да не поминува
низ или да допира какви било течности.
–
POWERbot може сериозно да се оштети
и може да ги контаминира другите места
ако тркалата поминат низ течност.
• Немојте да истурате течности врз
приклучната станица.
–
Постои ризик од пожар или електричен
удар.
• Не ја употребувајте приклучната станица за
ништо друго освен за нејзината намена.
–
Постои ризик од пожар или сериозно
оштетување на приклучната станица.
• Секогаш одржувајте го сензорот за дупки
чист за ваша безбедност.
При употреба
• Доколку од POWERbot доаѓаат
невообичаени звуци, мириси или чад,
веднаш исклучете го прекинувачот за
опасност на долната страна на POWERbot и
обратете се до сервисен центар.
Чистење и одржување
• Кога кабелот за напојување е оштетен,
обратете се до сервисниот центар за да го
замени овластен мајстор.
–
Постои ризик од пожар или електричен
удар.
4_SR9200_Q_guide_MK_00765A-00_GE.indd 5
2017-01-09 오후 8:42:59