14
МАКЕДОНСКИ
УПОТРЕБА НА ФУНКЦИЈАТА ЗА АВТОМАТСКО
БРЗО ОДМРЗНУВАЊЕ
Функцијата за автоматско брзо одмрзнување ви овозможува
одмрзнување на месо, живина или риба. Времето на одмрзнување и
нивото на јачина се поставуваат автоматски.
Вие едноставно го бирате програмот и тежината.
Користете само садови кои можат безбедно да се користат во
микробранова печка.
Прво, поставете ја замрзнатата храна на средина од плочата и
затворете ја вратата.
1.
Изберете го видот на храната што ја готвите со
притиснување на копчето за
Брзо одмрзнување
(
) еднаш или повеќе пати. (Користете ја
табелата на соседната страница за дополнителни
детали)
2.
Изберете ја тежината на храната со
притиснување на копчињата
kg
и
100g
.
Можно е да поставите максимум 1500 g.
3.
Притиснете го копчето за
Активирање
(
).
Резултат :
Одмрзнувањето започнува.
Печката ќе емитува "бип" звук
на половина од времето за одмрзнување за да ве
потсети да ја завртите храната.
Притиснете го повторно копчето за
Активирање
(
) за да се заврши одмрзнувањето.
Исто така можно е и рачно одмрзнување на храната. За таа цел,
изберете ја функцијата за готвење/подгревање со ниво на јачина
од 180 W. Погледнете во поглавјето “Готвење/подгревање” на
страница 11 за дополнителни детали.
ПОСТАВУВАЊЕ НА БРЗО АВТОМАТСКО ОДМРЗНУВАЊЕ
Во следната табела се претставени разните програми за автоматско
брзо одмрзнување, количините, времињата на стоење и соодветните
препораки. Пред одмрзнувањето отстранете ги сите материјали за
пакување. Ставете го месото, живината, рибата и овошјето/зрнестото
овошје на рамна керамичка чинија.
Код/Храна
Порција
Време на
стоење
Препораки
1. Месо
200-1500 g 20-90 мин. Покријте со алуминиумска фолија.
Завртете го месото кога печката ќе
емитува "бип" звук.
Овој програм е погоден за телешко,
јагнешко, свинско месо, стекови,
кременадли и мелено месо.
2. Живина
200-1500 g 20-90 мин. Покријте ги краевите на батаците и
крилата со алуминиумска фолија.
Завртете ја живината кога печката
ќе емитува "бип" звук. Овој програм
е погоден за цела кокошка и
парчиња од кокошка.
3. Риба
200-1500 g 20-80 мин. Заштитете ја опашката на целата
риба со алуминиумска фолија.
Завртете ја рибата кога печката ќе
емитува "бип" звук. Овој програм е
погоден за цели риби или филети.
4. Овошје/
Зрнесто Овошје
100-600 g
5-20 мин. Овошјето распоредете го
рамномерно на рамна стаклена
чинија.
Овој програм е погоден за сите
видови овошје.
Изберете ја функцијата за рачно одмрзнување на храна со ниво
на јачина од 180 W доколку сакате рачно да одмрзнувате храна.
За дополнителни детали околу рачното одмрзнување и времето на
одмрзнување погледнете на страница 24.
GW731K-B_BOL_DE68-04092B_MK.indd 14
2011-11-30 7:29:02
Downloaded From Microwave-Manual.com Manuals