408
Македонски
Забелешка: Потребни се до 24 часа за батеријата
целосно да се наполни, но може да ја користите
четката за заби Philips Sonicare и пред целосно да
се наполни.
Користење на четката за заби Philips Sonicare
Ако ја користите вашата четка за заби Sonicare по
прв пат, нормално е да чувствувате повеќе
вибрации отколку кога користите неелектрична
четка за заби. Вообичаено е за тие што ја користат
по прв пат да вршат премногу притисок.
Применете само нежен притисок и оставете
четката за заби да го врши четкањето наместо вас.
Следете ги долунаведените упатства за четкање за
најдобро искуство. За да ви помогнеме да
преминете на новата електрична четка за заби
Sonicare, таа доаѓа со вклучена опција EasyStart.
Оваа функција полека ја зголемува моќноста во
текот на првите 14 четкања за да ви помогне да се
прилагодите на четкањето со четката за заби
Philips Sonicare.
Упатства за четкање
1
Навлажнете ја четката и нанесете мало
количество паста за заби.
2
Поставете ги влакната од четката за заби на
забите под мал агол (45 степени), притискајќи
нежно за да стигнат влакната до непцето или
малку под непцето.
Забелешка: Центарот на четката мора да биде
во контакт со забите цело време.
3
Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да ја вклучите
Philips Sonicare.
4
Нежно поставете ги влакната од четкичката на
забите и непцата. Четкајте ги забите со мали
движење напред-назад, така што влакната на
четкичката ќе достигнуваат помеѓу забите.
Продолжете со ова движење за целото време
на четкањето.
Summary of Contents for HX3671/13
Page 1: ......
Page 2: ......
Page 3: ......
Page 4: ...empty page before TOC ...
Page 486: ......
Page 487: ...Empty page before back cover ...