60
Mak
Македонски
биде штетна по здравјето. Не ја вдишувајте. Носете соодветна
заштитна маска.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е
машината работи.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни инсталации.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем C12 за полнење на батерии од C12
систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само
на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со
исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт
со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително
одете на лекар.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Вртливиот пневматски чекан може да биде употребен за
дупчење и дупчење во дрво, метал како и пластика при
независна употреба далеку од главното напојување.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под „Технички
податоци„ опишаниот производ е во склад со сите релевантни
прописи од регулативата 2011/65/EU (RoHs), 2004/108/EG,
2006/42/EG и следните хармонизирачки нормативни Документи:
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-6:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:1997 + A1:2001 + A2:2008
Winnenden, 2013-06-21
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany
БАТЕРИИ
Нови комплети батерии постигнуваат целосен капацитет по 4-5
циклуса на полнење и празнење. Подолг период неупотребувани
комплети батерии да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Важна забелешка! Доколку карбонските четкички се истрошени,
со цел истите да бидат заменети алатот треба да биде пратен во
постпродажниот центар. Ова ќе обезбеди долг употребен век и
највисоки перформанси.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот
со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на
табличката со учинокот или во Вашата корисничка служба или
директно кај Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не ги фрлајте електричните апарати заедно со
другиот домашен отпад! Европска регулатива
2002/96/EC за одлагање на електична и
електронска опрема и се применува согласно
националните закони. Елекричните апарати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат одвоено собрани и вратени во соодветна
рециклажна установа.
Summary of Contents for M12 H
Page 3: ...II VI VII III V IV I...
Page 4: ...1 I 1 I 1 2 1 2 10 sec...
Page 5: ...2 I 100 50 75 25 2 3 sec...
Page 6: ...3 II TEST 1 2 1 2 SDS PLUS...
Page 7: ...4 III Start Stop...
Page 8: ...5 IV A B C...
Page 9: ...V 6...
Page 10: ...7 VI 1 2 x x 1 2...