152
МАКЕДОНСКИ
ВНИМАНИЕ:
Притиснете на копчето за
заклучување и осигурете се дека се крева
нагоре кога е отпуштено. Ако копчето за
заклучување не се крева нагоре кога е
отпуштено, назабената пила нема да може да
ротира кога алатот работи, што може да доведе
до оштетување на деловите, а моторот може
да изгори.
ВНИМАНИЕ:
Лизнете го прекинувачот
во позиција „l“ и осигурете се дека така ќе
остане и дека не се движи. Потоа, притиснете
на задниот дел на прекинувачот за да се
осигурите дека прекинувачот автоматски се
движи до позиција „О“.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека завртките
што го држат капакот на назабената пила и сите
други завртки се цврсто затегнати.
►
Сл.4:
1.
Позиција на рачката (паралелно/на
левата страна)
2.
Копче за заклучување
3.
Позиција на рачката (паралелно/на
левата страна)
4.
Прекинувач
5.
Позиција
на рачката (вертикално/на горната страна)
Работење
►
Сл.5:
1.
Водилка
2.
Арматура
►
Сл.6:
1.
Арматура
2.
Водилка
1.
Завртете ја рачката во отворот за протнување
во вертикална или паралелна позиција за полесно
работење.
2.
Осигурете се дека прекинувачот е во позиција
„О“.
ВНИМАНИЕ:
Како безбедносна функција
на овој алат, моторот не може да се полни
со енергија кога батеријата е вметната со
прекинувачот во позиција „l“. За поголема
безбедност, имајте предвид дека батеријата
треба да се внесе со прекинувачот во положба
„O“.
3.
Вметнете ја батеријата во алатот.
4.
Лизнете го прекинувачот во положба „l“.
Моторот е вклучен. Потоа, притиснете на предниот
крај на прекинувачот за да го заклучите за
непрекинато работење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не допирајте
ги ротирачките делови бидејќи може да
предизвикаат сериозни повреди.
5.
Поставете ја водилката во отворот врз
арматурата.
Потоа турнете го алатот нанапред полека за да
почнете да ја сечете арматурата.
ВНИМАНИЕ:
При сечењето, и на почетокот
и при крајот, забавете го движењето нанапред
(сечење) на алатот. Брзото сечење, во такви
моменти, ќе ги оштети сечилата на назабената
пила и може да предизвика повреди од
летечките струготини.
ВНИМАНИЕ:
Цврсто држете го алатот, така
што нема да се тресе при сечењето. Сечењето
со алат што се тресе ќе го скрати животниот
век на назабената пила и ќе ги оштети
сечилата.
ВНИМАНИЕ:
Поставете го алатот, така што
ќе биде на 90 степени во однос на арматурата
што треба да се сече. Ако алатот не е поставен
на 90 степени во однос на арматурата,
тоа може да предизвика тресење и да го
преоптовари алатот.
ВНИМАНИЕ:
Не започнувајте со сечење
веднаш по вклучувањето на моторот.
Овозможете ѝ на назабената пила да достигне
полна брзина пред да започнеме со сечење.
ВНИМАНИЕ:
Не отстранувајте ја батеријата
ако моторот е вклучен. Така може да се оштети
електрониката на моторот.
6.
Откако ќе завршите со сечење, притиснете
на задниот крај на прекинувачот со што ќе
предизвикате истиот да се префрли на позиција „О“
и да се исклучи моторот.
ВНИМАНИЕ:
Овој алат е дизајниран
за сечење арматури. Контактирајте со
производителот или вашиот локален продавач
доколку сакате да сечете други материјали.
Сечењето други материјали ќе ги оштети
сечилата на назабената пила.
Внимание при сечење
1.
Осигурете се дека сечилото на назабената
пила е подалеку од материјалот што треба да се
сече пред да го вклучите алатот.
2.
Забавете го движењето нанапред (сечење)
на алатот кога ќе се приближувате кон крајот на
сечењето. Ова е особено важно кога парчето што се
сече е долго помалку од 50 мм. Отсеченото парче
може да удри во сечилата на назабената пила, да ги
оштети и да предизвика сериозна повреда.
3.
Кога сечилата на назабената пила ќе станат
тапи или оштетени, заменете го сечилото. Ако
продолжите да ја користите во ваква состојба,
алатот ќе се преоптовари.
4.
Ако материјалот се движи или тресе кога се
сече, прекинете со работата и правилно прицврстете
го материјалот.
5.
Не држете го со рака материјалот што се сече.
Тоа може да резултира со телесна повреда.
6.
Не сечете арматура што во големина или
цврстина го надминува капацитетот на сечење на
алатот.
Заменете ја назабената пила кога
ќе се случи нешто од наведеното
подолу
1.
Предупредувачката светилка (црвена) трепка
често и покрај тоа што батеријата е целосно
наполнета.
Summary of Contents for DSC250
Page 3: ...3 1 Fig 8 1 Fig 9 1 2 3 4 5 6 7 Fig 10 1 Fig 11 1 Fig 12 1 Fig 13 ...
Page 165: ...165 ...
Page 166: ...166 ...
Page 167: ...167 ...