19
Опасен отвор за полнење.
Дланките и стапалата држете ги
понастрана од отворите додека
машината е во функција.
•
Ротирачки вентилатори. Дланките
и стапалата држете ги понастрана
од отворите додека машината е
во функција.
•
Извадете го приклучокот од
машината пред одржување или
доколку е оштетен кабелот.
•
Електричниот отпад не смее да се
фрла во отпад заедно со отпадот
од домаќинствата. Таму каде што
постојат соодветни капацитети, тој
треба да се рециклира. Проверете
ја можноста за рециклирање кај
вашите локални власти или кај
вашиот продавач.
•
Двојна изолација
•
ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
1. Важни безбедносни информации
Овој апарат може да го
користат деца на возраст од
8 години и постари, и лица со
намалени физички, сензорни и
ментални способности или со
недоволно искуство и знаење,
доколку се под надзор или им
се дадени упатства во врска
со безбедното користење
на апаратот и ги разбираат
опасностите што можат да се
случат. Деца не смеат да си
играат со апаратот. Чистењето
и одржувањето не смеат да го
прават деца без надзор.
Внимателно прочитајте ги сите упатства за
безбедност и ракување пред да започнете да
го користите овој производ. Посебно внимание
обрнете на деловите од овој прирачник за оператори
кои ги носат симболите за предупредување и
напомена. Доколку не се следат предупредувањата
и упатствата, може да дојде до струен удар,
изгореници и/или тешки повреди.
Овој алат е наменет за дување и смукање. Никогаш
не користете го алатот за други намени, како на
пример за дување балони.
•
•
•
Алатот треба да биде поврзан само со струја со напон
кој е еднаков на напонот наведен на плочката со
името и може да се користи само еднофазна струја.
Алатот има двојна изолација и затоа може исто така
да се користи со штекери без заземјување.
Зачувајте ги сите предупредувања и упатства за
идни консултации.
2. Обука
Внимателно прочитајте ги упатствата. Запознајте се
со контролите и со правилната употреба на алатот.
Никогаш не дозволувајте деца да си играат со
алатот.
Никогаш не дозволувајте алатот да го користат
лица што не се запознаени со овие упатства.
Локалните регулативи може да имаат дефинирано
ограничување за возраста на операторот.
Никогаш не ракувајте со алатот кога во близина има
луѓе, особено деца или домашни миленици.
Операторот или корисникот е одговорен за несреќи
или опасни ситуации што можат да им се случат на
луѓе или на нивниот имот.
3. Подготовка
Додека ракувате со алатот, секогаш носете добри
обувки и долги панталони.
Облечете се соодветно - Не носете широка облека
ниту накит. Тие можат да бидат потфатени од
деловите што се движат. Се препорачува користење
на цврсти ракавици и добри обувки кога работите
надвор.
Носете заштита за косата за да ја соберете долгата
коса. Носете заштитни очила додека работите.
За да спречите иритација, се препорачува да носите
заштитна маска на лицето.
Пред употреба, проверете дали кабелот за струја
е оштетен и изабен, а исто така проверете ја и
неговата должина. Не користете го алатот доколку
кабелот е оштетен или изабен.
Никогаш не ракувајте со алатот доколку штитниците
се дефектни или доколку нема безбедносни уреди,
на пример, доколку не е наместена торбата за
собирање.
Користете само продолжен кабел кој е отпорен на
временски услови и соодветен на спецификациите
на вашата машина.
4. Функционирање
Кабелот секогаш треба да биде насочен кон задниот
дел од алатот.
Доколку кабелот се оштети за време на употребата,
веднаш исклучете го од струја. НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО
КАБЕЛОТ ПРЕД ДА ГО ИСКЛУЧИТЕ ОД СТРУЈА. Не
користете го алатот доколку кабелот е оштетен или
изабен.
Не носете го алатот држејќи го за кабелот.
Избегнувајте опасна околина - Не користете го
алатот на влажни или водени локации.
Исклучувајте го алатот од струја секогаш кога
немате намера да го користите, пред да исчистете
некакво затнување, пред проверка, чистење или
работење на алатот. Доколку алатот вибрира
невообичаено, веднаш исклучете го, исклучете од
струја и проверете дали има некакви затнувања или
оштетувања на единицата.
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
Summary of Contents for DOLMAR EB-165
Page 2: ... 10 8 7 6 5 14 9 3 4 1 2 1 2 ...
Page 3: ... 2 1 2 2 2 3 2 4 ...
Page 4: ... 11 13 12 7 3 4 0 0 1 2 1 2 1 5 6 ...
Page 5: ... 7 ...
Page 203: ...203 ...