170
Со алатот ракувајте само при дневна светлина или
при добро вештачко осветлување.
Не истегнувајте се и секогаш одржувајте ја вашата
рамнотежа.
Проверувајте каде стоите на падини.
Одете, никогаш немојте да трчате.
Одржувајте ги чисти од отпад сите доводи на воздух
за ладење.
Никогаш не дувајте го отпадот во правец на луѓе
што стојат во близина.
Алатот треба да се испорача со дополнителен уред
за прекин на струјата која не е посилна од 30 mA.
5. Одржување и чување
Сите завртки, навртки и шрафови треба да бидат
добро стегнати за алатот да биде во безбедна
работна состојба.
Често проверувајте дали алатот е изабен или
оштетен.
Заменувајте ги истрошените или оштетените
делови.
Користете оригинални делови за замена и
додатоци.
Алатите што не ги користите чувајте ги во затворен
простор. Кога не ги користите, алатите треба да се
чуваат внатре, на суво и високо место или пак на
заклучено место - подалеку од дофатот на деца.
6. Дополнителни правила за безбедност за
дувалката/смукалката
Секогаш носете соодветна заштитна облека кога
работите со алатот за да избегнете повреди на
лицето, очите, дланките, стапалата, главата или
слухот. Користете заштитни очила или маска на
лицето, високи чизми или цврсти обувки, долги
панталони, работни ракавици, цврста капа и
заштитни тампони за уши.
Не вклучувајте го алатот кога е превртен наопаку
или кога не е во работна позиција.
Исклучете го моторот и исклучете го алатот од
струја кога не го користите, кога е оставен без
придружба, кога го чистите, кога го преместувате од
едно на друго место или кога продолжениот кабел е
заплеткан или оштетен.
Не ракувајте со алатот кога сте во близина на луѓе,
особено деца или домашни миленици. Исклучете го
доколку тие се многу близу. Одржувајте безбедно
растојание од најмалку 5 м од другите луѓе кога го
користите апаратот.
Никогаш не насочувајте ја цевката на дувалката кон
луѓе што се во близина или кон домашни миленици.
Никогаш не дувајте го отпадот во правец на луѓе
што стојат во близина или кон домашни миленици.
Операторот е одговорен за несреќи или опасни
ситуации што можат да им се случат на луѓе или на
нивниот имот.
Не ракувајте со приклучокот или алатот со водени
раце и не користете го алатот на дожд.
Користете само продолжен кабел кој е означен за
користење надвор. Чувајте го продолжениот кабел
настрана од топлина, масло и остри рабови.
Продолжениот кабел треба да биде прицврстен на
начин што ќе спречи исклучување на приклучокот од
него при работење со алатот.
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
Одржувајте ги чисти сите доводи на воздух од
прашина, влакна, коса и друг материјал кои можат
да го намалат протокот на воздух.
Одржувајте стабилно растојание додека го
користите алатот.
Не исклучувајте го алатот во затворен или слабо
проветрен простор или пак во присуство на
запаливи и/или експлозивни супстанци, какви што
се течности, гасови и талк.
Не дозволувајте да ви биде одвлечено вниманието
и секогаш концентрирајте се на тоа што го работите.
Користете здрав разум. Никогаш не ракувајте со
апаратот кога сте уморни, болни или под влијание
на алкохол или други дроги.
Не ракувајте со овој апарат кога долгата коса ви
е пуштена или кога носите лабав накит. Врзете ја
долгата пуштена коса назад и тргнете го лабавиот
накит.
Не дозволувајте алатот да собира материјали што
горат или тлеат, како пепел, отпушоци итн.
Не обидувајте се да собирате кршливи предмети
какви што се стакло, пластика, порцелан итн.
Не користете го при операција на смукање, без
наместена вреќа за собирање отпад.
Не користете го алатот ниту во режим на смукалка
ниту во режим на дувалка врз површини со чакал.
Алатот користете го само при добра дневна светлина
или соодветно вештачко осветлување.
Кога алатот не е во употреба, чувајте го на суво
место и настрана од дофат на деца.
После употреба, исклучете го алатот од струја и
проверете дали е изабен и оштетен. Доколку имате
и најмал сомнеж, стапете во контакт со овластен
сервисен центар.
Алатот користете го само во согласност со
упатствата дадени во овој прирачник.
Редовно проверувајте дали шрафовите се добро
стегнати.
Користете само резервни делови и додатоци
препорачани од производителот.
Не обидувајте се да го поправате алатот или да
пристапувате до внатрешните делови. Контактирајте
само со овластени сервисни центри.
Се препорачува алатот да се користи со Уред за
заштита (RCD) кој прекинува струја не посилна од
0 mA.
СКЛОПУВАЊЕ
ОТПАКУВАЊЕ
Внимателно извадете го производот и сите додатоци
од кутијата.
Внимателно проверете дали производот е можеби
скршен или оштетен при транспортот.
Не фрлајте го материјалот од пакувањето додека
не го проверите внимателно производот и не го
употребите.
Доколку е оштетен или пак недостасува некој дел,
стапете во контакт во вашиот сервисен центар за
Dolmar за помош.
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
Summary of Contents for DOLMAR EB-165
Page 2: ... 10 8 7 6 5 14 9 3 4 1 2 1 2 ...
Page 3: ... 2 1 2 2 2 3 2 4 ...
Page 4: ... 11 13 12 7 3 4 0 0 1 2 1 2 1 5 6 ...
Page 5: ... 7 ...
Page 203: ...203 ...