109
МАКЕДОНСКИ
МАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
•
За корисниците во Европа:
Овој уред може да се користи од страна на деца на возраст од 8 години или постари и ако се
под надзор или им се даваат упатства за користење на уредот на безбеден начин и ги разбираат
вклучените ризици. Чистењето и одржувањето од корисникот не смеат да го вршат деца освен
ако не се постари од 8 години и под надзор. Држете ги уредот и неговиот кабел подалеку од
дофат на деца помлади од 8 години.
Уредите може да се користат од страна лица со намалени физички, сетилни или ментални
капацитети или без доволно искуство и познавање ако се под надзор или им се даваат упатства
за користење на уредот на безбеден начин и ги разбираат вклучените ризици.
Децата не смеат да си играат со уредот.
•
За корисниците во други области освен Европа:
овој уред не е наменет за да го користат лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички, сетилни
или ментални способности или лица без искуство и знаење, освен ако не ги надгледува или не
им дава упатства за користење лице што е одговорно за нивната безбедност. Децата треба да се
под надзор за да се осигури дека нема да си играат со уредот.
•
Погледнете го поглавјето „ОДРЖУВАЊЕ“ за соодветни детали за мерките на претпазливост за
време на одржувањето од корисникот.
•
Погледнете го поглавјето „СПЕЦИФИКАЦИИ“ за референца на типот на батеријата.
•
Погледнете го делот „Монтирање или отстранување на касетата за батеријата“ за начинот на
отстранување или монтирање на батеријата.
•
Кога ја фрлате во отпад касетата за батеријата, извадете ја од алатот и фрлете ја на безбедно
место. Почитувајте ги локалните законски прописи што се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.
•
Доколку алатот не се користи подолг временски период, батеријата мора да се извади од алатот.
•
Не предизвикувајте спој на касетата за батеријата.
•
Овој уред е наменет за користење во домаќинството и слични примени, како на пример:
—
области во кујни за персоналот во продавници, канцеларии и други работни средини;
—
куќи на фарми;
—
од клиенти во хотели, мотели и други средини од типот на станбени простори;
—
средини од типот ноќевање со појадок.
•
За заштита од пожар и струен удар, не потопувајте ги уредот и батеријата во вода, ниту во некоја
друга течност.
•
Не преполнувајте вода во уредот. Зовриената вода може да истече и да предизвика повреди со
изгореници.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не вадете го капакот додека врие водата.
•
Овој уред работи на батерии, со батерија што се полни надвор од уредот.
•
Батериите што се полнат треба да се извадат од уредот пред да се наполнат.
•
Батериите треба да се вметнуваат со точниот поларитет.
•
Истрошените батерии треба да се извадат од уредот и да се фрлат безбедно.
•
Одбегнувајте истурање каква било течност на конекторите за напојување или батериските
терминали.
•
Овој апарат е бокал за вода за вриење вода и постои можност за повреда од неправилна
употреба.