![background image](http://html.mh-extra.com/html/makita/dhk180/dhk180_instruction-manual_230355039.webp)
39
МАКЕДОНСКИ
Вклучување на предната ламба
►
Сл.6:
1.
Ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
Повлечете го прекинувачот за вклучување на
ламбата. Ламбата продолжува да свети додека
прекинувачот е повлечен. Ламбата ќе се исклучи
приближно 10 секунди по отпуштањето на
прекинувачот.
НАПОМЕНА:
Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Електронска функција
За полесно работење, алатот е опремен со
електронски функции.
•
Контрола на постојаната брзина
Функцијата за контрола на постојаната брзина
обезбедува константна брзина на ротација, без
оглед на преоптовареноста.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Подмачкување
Премачкајте го крајот на оската на бургијата
однапред со мала количина маст (околу 0,5 - 1 гр).
Подмачкувањето на клинот за сопирање обезбедува
мазно работење и подолг период на сервисирање.
Поставување или отстранување
бургија
Исчистете го крајот на оската на бургијата
и нанесете средство за подмачкување пред
монтирањето на бургијата.
►
Сл.7:
1.
Крај на оска
2.
Подмачкување
Вметнете ја бургијата во алатот. Вртете ја бургијата
и туркајте ја навнатре додека не се блокира. По
монтирањето на бургијата, секогаш проверувајте
дали е безбедно прицврстена, така што ќе се
обидете да ја извлечете.
►
Сл.8:
1.
Бургија
За да ја отстранете бургијата, повлечете го
штитникот за клинот за сопирање докрај и извлечете
ја бургијата.
►
Сл.9:
1.
Бургија
2.
Штитник за клинот
Агол на бургијата
Бургијата може да биде зацврстена под 12 различни
агли. За да го смените аголот на бургијата,
излизгајте го прстенот за менување нанапред, потоа
свртете го прстенот за менување за да го смените
аголот на бургијата. На саканиот агол, вратете
го прстенот за менување во неговата првобитна
позиција. Бургијата ќе се прицврсти на место.
►
Сл.10:
1.
Прстен за промена
Кука
ВНИМАНИЕ:
Секогаш вадете ја батеријата
кога го закачувате алатот со куката.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не закачувајте го
алатот на високо место или на потенцијално
нестабилна површина.
Користење на куката
Куката е практична за привремено закачување
на алатот. За да ја употребите куката, едноставно
подигнете ја додека не влезе во отворена положба.
Кога куката не се користи, секогаш спуштете ја
додека не влезе во затворена положба.
►
Сл.11:
1.
Кука
►
Сл.12
Вадење или монтирање на куката
За да ја извадите куката, олабавете ги шрафовите и
отстранете ги шајбните и куката. За монтирање на куката,
вметнете ги шајбните во вдлабнатите делови од куќиштето
на алатот, а потоа затегнете ја куката со 2 шрафа.
►
Сл.13:
1.
Кука
2.
Завртка
3.
Шајбна
Поврзување на јажето (лентата за
прицврстување) со куката
ВНИМАНИЕ:
Не користете оштетени
кука и шрафови. Пред употреба, секогаш
проверете дали има оштетувања, пукнатини
или деформации и проверете дали шрафовите
се затегнати.
ВНИМАНИЕ:
Монтирајте ја или
отстранувајте ја куката на стабилна маса или
површина. Користете ги само шрафовите
што се доставени со куката. По монтирање на
куката, проверете дали е безбедно монтирана
со шрафовите.
ВНИМАНИЕ:
Не вадете ја касетата за
батеријата додека го закачувате алатот.
Алатот
може да падне ако шрафовите не се затегнати.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете
прицврстувач за заклучување (тип со повеќе
дејства и порта на шрафот) и проверете
дали јажето (лента за прицврстување) е
прикачено на делот со двоен јазол на куката.
Несоодветното прикачување може да предизвика
алатот да падне од куката и да резултира со
телесна повреда.