![background image](http://html.mh-extra.com/html/makita/dhk180/dhk180_instruction-manual_230355038.webp)
38
МАКЕДОНСКИ
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
Трепка
Батеријата
можеби е
неисправна.
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со батеријата се работи на начин што
предизвикува повлекување прекумерно висока
струја, таа автоматски се исклучува без никаква
индикација. Во таква ситуација, исклучете го алатот
и запрете со примената која предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот или батеријата се прегреани, алатот
автоматски запира. Во овој случај, оставете ги
алатот и батеријата да се оладат пред повторно да
го вклучите алатот.
НАПОМЕНА:
Кога алатот е прегреан, ламбичката
трепка.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата нема да биде
доволен, алатот автоматски се исклучува. Во овој
случај, извадете ја батеријата од алатот и наполнете
ја.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред да ја
ставите батеријата во алатот, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF“ кога ќе се
отпушти.
ВНИМАНИЕ:
Кога не работите со алатот,
притиснете го копчето за блокирање на
прекинувачот од страната во позиција OFF
(ИСКЛУЧЕНО) за да го блокирате прекинувачот
за стартување.
За да се спречи случајно повлекување на
прекинувачот за стартување, обезбедено е копче
за блокирање на прекинувачот. За да го стартувате
алатот, притиснете го копчето за блокирање на
прекинувачот од страната A ( ) и повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот
врз прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за стартување за да сопре. По
употребата, притиснете го копчето за блокирање на
прекинувачот од страната B ( ).
►
Сл.3:
1.
Копче за блокирање на прекинувачот
2.
Прекинувач за стартување
Користење на копчето за
блокирање на прекинувачот за
континуирано работење
За континуирано работење, притиснете го копчето
за блокирање на прекинувачот од страната B ( )
додека го извлекувате прекинувачот за стартување,
а потоа отпуштете го прекинувачот за стартување.
За да го сопрете алатот, притиснете на копчето за
блокирање на прекинувачот од страната А ( ).
►
Сл.4:
1.
Копче за блокирање на прекинувачот
2.
Прекинувач за стартување
Бирач за нагодување на брзината
►
Сл.5:
1.
Бирач за нагодување на брзината
Ударите во минута може да се променат со вртење
на бројчаникот за нагодување на брзината на еден
од дадените броеви од 1 до 5. Повисока брзина
се постигнува кога бирачот е свртен во насока на
бројот 5. Пониска брзина се постигнува кога бирачот
е свртен во насока на бројот 1.
Видете ја табелата за односот меѓу бројчените
поставки на бројчаникот за приспособување и на
ударите во минута.
Број
Удари во минута
1
1.000 мин.
-1
2
1.300 мин.
-1
3
1.900 мин.
-1
4
2.700 мин.
-1
5
3.200 мин.
-1
ВНИМАНИЕ:
Не вртете го бројчаникот за
нагодување кога алатот работи. Во спротивно,
може да дојде до губење на контрола над
алатот и да се предизвика повреда.
ЗАБЕЛЕШКА:
Бирачот за нагодување на
брзината може да се сврти само до бројот 5
и назад до бројот 1. Не форсирајте го надвор
од броевите 5 и 1, во спротивно функцијата за
нагодување на брзината може да престане да
работи.