![background image](http://html.mh-extra.com/html/makita/dhg180/dhg180_instruction-manual_230349118.webp)
118
МАКЕДОНСКИ
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе падне на
ниско ниво, алатот автоматски се исклучува. Ако
производот не работи дури ни кога прекинувачите ќе
се вклучат или исклучат, извадете ги батериите од
алатот и наполнете ги.
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран за
други причини што може да го оштетат алатот и
овозможува тој да запре автоматски. Преземете ги
сите следни чекори за да ги отстраните причините
кога алатот е доведен до привремено запирање или
престанување на работата.
1. Исклучете го алатот и потоа повторно вклучете
го за да се рестартира.
2. Наполнете ја батеријата(ите) или заменете ја/
ги со наполнета батерија(и).
3. Оставете ги алатот и батеријата(ите) да се
оладат.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
►
Сл.9:
1.
Индикаторски ламбички
2.
Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА:
Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Алатот е наменете да работи во текот на подолг
временски период со минимално одржување.
Континуираната задоволителна работа зависи од
соодветната грижа и редовното чистење на алатот.
Подмачкување
Не е потребно подмачкување за овој производ.
Чистење
•
Одржувајте ги отворите за вентилација и
прекинувачот за стартување чисти и без туѓи
материјали.
•
Чистете го алатот периодично со мека крпа и
по можност секој пат по употреба.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството.
Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Млазница
•
Валец за притисок
•
Стругалка
•
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
Summary of Contents for DHG180
Page 3: ...3 Fig 8 1 2 Fig 9 ...
Page 147: ...147 ...