43
МАКЕДОНСКИ
Користење на алатот како рачен
шрафцигер
►
Сл.15
Исклучете го алатот.
Поместете ја рачката на прекинувачот за обратна
акција во неутрална положба.
Свртете го прстенот за нагодување, така што
стрелката на телото од алатот покажува кон
ознаката
.
Вклучете го алатот.
НАПОМЕНА:
Оваа употреба е погодна за
проверка на завртувањето.
НАПОМЕНА:
Не користете го алатот за работи кои
бараат голема сила, како на пример, завртка за
прицврстување или за’рѓани шрафови.
Користење футрола
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Кога користите футрола,
отстранете ја бургијата за одвртување/
дупчење од алатот.
ВНИМАНИЕ:
Исклучете го алатот и
почекајте додека не запре целосно пред да го
поставите во футролата.
Цврсто затворете ја футролата со копчето на
футролата за цврсто да го држи алатот.
1.
Вметнете ремен или нешто слично низ држачот
на футролата.
►
Сл.16:
1.
Држач на футрола
2.
Ремен
2.
Поставете го алатот во футролата и заклучете
го со копчето на футролата.
►
Сл.17
►
Сл.18
Во предниот дел од футролата може да чувате две
бургии за одвртување.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството.
Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Бургии за дупчење
•
Бургии за одвртување
•
Приклучни бургии
•
Бургија
•
Држач за бургија за одвртување
•
Футрола
•
Пластичен куфер за носење
•
Кука
•
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.