
178
МАКЕДОНСКИ
Време на работа на батеријата
Следнава табела се однесува на некои од касетите за батерија од Makita. Прикажано е времето на работа на
целосно наполнета батерија:
Касета за батерија
Брзина на ветрот
Висока
Средна
Ниска
BL1460B
160 мин.
320 мин.
630 мин.
BL1860B
215 мин.
430 мин.
850 мин.
Симболи
Долунаведените ги прикажуваат симболите што
може да се користат кај опремата. Пред употребата,
проверете дали го разбирате нивното значење.
Прочитајте го упатството за користење.
Ni-MH
Li-ion
Само за земјите на ЕУ
Поради присуство на опасни компоненти
во опремата, отпадната електрична и
електронска опрема, акумулаторите и
батериите може да влијаат негативно врз
животната средина и човековото здравје.
Не фрлајте ги електричните и
електронските апарати или батериите во
домашниот отпад!
Во согласност со Европската директива
за фрлање електрична и електронска
опрема, акумулатори, батерии и
отпадни акумулатори и батерии, како
и нивната адаптација во државниот
закон, отпадната електрична опрема,
батериите и акумулаторите треба да
се чуваат одделно и да се достават на
посебно место за собирање општински
отпад, во согласност со прописите за
заштита на животната средина.
Ова е означено со симболот на
пречкртана корпа за отпадоци ставен на
опремата.
Само за земјите на ЕУ
Правилно фрлање во отпад на
производот
Оваа ознака покажува дека овој
производ не треба да се фрла со
други отпадоци од домаќинството во
ЕУ. За да се избегне можната штета
за околината или човечкото здравје
од неконтролираното фрлање отпад,
рециклирајте го одговорно за да
се промовира одржливо повторно
користење на материјалните ресурси.
За враќање на користениот уред,
користете ги системите за враќање
и собирање или контактирајте со
трговецот во малопродажбата каде што
бил купен производот. Тие може да го
земат производот за еколошки безбедно
рециклирање.
Поради присуство на опасни компоненти
во опремата, користената електрична
и електронска опрема може да влијае
негативно врз животната средина и
човековото здравје.
Наменета употреба
Уредот е наменет за создавање проток на воздухот.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
За да спречат сериозни повреди, прочитајте ги и разберете
ги сите предупредувања и упатства пред употреба.
Овој прирачник ќе ви треба за безбедносните
предупредувања и мерките на претпазливост,
како и постапките на монтирање, работа,
проверка и одржување. Чувајте го ова упатство
на безбедно и суво место за во иднина.
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Кога користите електричен уред, секогаш мора да
се почитуваат основните мерки на претпазливост
вклучувајќи ги следниве:
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ
УПАТСТВА ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ
СО УПОТРЕБА НА ОВОЈ УРЕД.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали ризикот од пожар, струен удар
или повреда:
1. Да не се изложува на дожд. Да се чува во
затворена просторија.
2. Не дозволувајте да се користи како играчка.
Кога се користи во близина на деца, потребно е
да се обрне особено внимание.
3. Користете го само онака како што е опишано во
ова упатство. Користете само додатоци што се
одобрени од производителот.
4. Не користете со оштетена батерија. Ако уредот
не работи како што треба, бил испуштен,
оштетен, оставен на отворено или паднал во
вода, вратете го во нашиот сервисен центар.
5. Не ракувајте со уредот со влажни раце.
6. Не ставајте никакви предмети во отворите.
7. Држете ја косата, лабавата облека, прстите и
сите делови од телото подалеку од отворите и
подвижните делови.
8. Исклучете ги сите контроли пред да ја извадите
батеријата.
9. Користете само адаптер за двонасочна
струја и полнач што е испорачан од страна на
производителот. Додатоците што може да се
соодветни за уредот може да станат опасни
кога се користат на други уреди.
10. Не полнете ја батеријата надвор.
11.
Не изложувајте на оган или високи температури.
Summary of Contents for DCF301
Page 2: ...1 3 2 4 6 5 7 8 9 Fig 1 2 1 Fig 2 1 2 Fig 3 1 Fig 4 2 ...
Page 3: ...90 90 90 45 Fig 5 1 Fig 6 1 Fig 7 Fig 8 1 Fig 9 3 ...
Page 4: ...4 1 Fig 10 Fig 11 ...
Page 230: ...230 ...
Page 231: ...231 ...