![Makita AN454 Instruction Manual Download Page 111](http://html.mh-extra.com/html/makita/an454/an454_instruction-manual_228635111.webp)
111
МАКЕДОНСКИ
МЕСТЕЊЕ
Избирање компресор
10
20
30
40
50
60
140
120
100
80
60
40
20
2
1
3
4
5
1.
Честота на ковање (пати/мин.)
2.
Излезен воздух
од компресорот во минута (Л/мин.)
3.
0,83 MPa (8,3
bar)
4.
0,66 MPa (6,6 bar)
5.
0,49 MPa (4,9 bar)
Компресорот за воздух мора да биде усогласен со
условите на EN60335-2-34.
Изберете компресор што има доволен притисок и
излез на воздух да обезбеди економична работа.
Графиконот го покажува соодносот меѓу честотата
на ковањето, потребниот притисок и излезниот
воздух од компресорот.
Така, на пример, ако се кова отприлика 60 пати
во минута, при компресија од 0,83 MPa (8,3 bar),
потребен е компресор со излезен воздух поголем од
110 литри/минута.
Треба да се користат контролите за притисокот за да
се ограничи воздушниот притисок кога притисокот
на доводот на воздух го надминува номиналниот
притисок на алатот. Инаку може да дојде до тешки
повреди на операторот на алатот или лицата во
близина.
Избирање црево за воздух
ВНИМАНИЕ:
Слаб излезен воздух од
компресорот, долго или црево со помал
пречник во однос на честотата на ковањето
може да предизвикаат намалување на силата
на алатот.
►
Сл.2
Користете црево за воздух што е можно поголемо и
покусо за да се обезбеди непрекинато и ефикасно
заковување.
Со притисок на воздух од 0,49 MPa (4,9 bar), црево
за воздух со внатрешен пречник поголем од 6,5
мм и должина помала од 20 м се препорачува кога
периодот меѓу заковувањата е 0,5 секунди.
Цревата за доток на воздух треба да имаат
минимален работен притисок во рамките на 1,03
MPa (10,3 bar) или 150 проценти од максималниот
притисок што се создава во системот, кој и да е
повисок.
Подмачкување
►
Сл.3
За да се обезбедат максимални перформанси, монтирајте
воздушен комплет (подмачкувач, регулатор, филтер за воздух)
што е можно поблизу до алатот. Дотерајте го подмачкувачот
така што една капка масло ќе капе на секои 30 шајки.
Кога не се користи воздушен комплет, подмачкајте
го алатот со масло за пневматски алат со ставање 2
(две) или 3 (три) капки во приклучокот за воздух. Тоа
треба да се направи пред и по употреба.
За правилно подмачкување, треба да се испука неколкупати
со алатот, откако ќе се стави масло за пневматски алати.
►
Сл.4:
1.
Масло за пневматски алат
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред нагодување или
проверка на функционирањето на алатот,
секогаш вратете го прекинувачот и исклучете
го цревото за воздух од алатот.
Приспособување длабочина на
ковањето
ВНИМАНИЕ:
Секогаш ослободувајте го
прекинувачот и откачувајте го цревото пред да
ја нагодите длабочината на заковувањето.
►
Сл.5:
1.
Регулатор
За да ја нагодите длабочината на заковување,
свртете го регулаторот.
Длабочината на заковување е најдлабока кога
регулаторот е целосно свртен во насока А како што
е прикажано на сликата. Таа ќе станува поплитка со
вртење на регулаторот во насока Б.
Ако шајките не се забиваат доволно длабоко дури
и кога регулаторот е целосно свртен во насока А,
зголемете го воздушниот притисок.
Ако шајките се забиваат премногу длабоко кога
регулаторот е целосно свртен во насока Б, намалете
го воздушниот притисок.
Општо земено, векот на траење на алатот ќе биде
подолг кога алатот се користи со понизок притисок
и регулаторот е поставен на поголема длабочина на
заковување на шајките.
Кука
ВНИМАНИЕ:
Секогаш ослободувајте го
прекинувачот и откачувајте го цревото пред да
ја промените позицијата на куката.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не закачувајте го
алатот на високо место или на потенцијално
нестабилна површина.
ВНИМАНИЕ:
Не закачувајте ја куката на
ременот за појас.
Доколку пиштолот за ковање
ненамерно падне, може да дојде до ненадејно
пукање и телесни повреди.