![Makita 0088381888196 Instruction Manual Download Page 183](http://html.mh-extra.com/html/makita/0088381888196/0088381888196_instruction-manual_222452183.webp)
183
МАКЕДОНСКИ
Систем за заштита на батеријата
Овој уред е опремен со систем за заштита на батеријата.
Овој систем автоматски го прекинува напојувањето на
деловите за загревање за да го продолжи работниот
век на батеријата. Доколку преостанатиот капацитет
на батеријата е премал, алатот нема да работи. Кога
го вклучувате уредот, деловите за загревање повторно
се напојуваат, но тоа набрзо запира. Во оваа ситуација,
извадете ја и наполнете ја касетата за батерија.
Поврзување USB-уреди
ВНИМАНИЕ:
Поврзувајте само уреди
што се компатибилни со USB-портата за
напојување.
Во спротивно, може да дојде до
дефект на држачот за батерии.
ЗАБЕЛЕШКА:
Пред поврзување на USB-
уредот со држачот за батерии (со батеријата),
секогаш правете резервна копија на
податоците на USB-уредот.
Во спротивно, може
да дојде до губење на податоците.
Држачот за батерии (со касетата за батерија)
може да работи како надворешно напојување за
USB-уредите.
Отворете го капакот и поврзете го USB-кабелот (не
е вклучен) со портата за напојување на држачот за
батерии. Потоа поврзете го другиот крај од кабелот со
уредот и вклучете го прекинувачот покрај USB-портата.
Држачот за батерии (со касета за батеријата)
испорачува наизменична струја од 5 V, 2,4 A
(максимално).
►
Сл.12:
1.
Капак
2.
Прекинувач
НАПОМЕНА:
Држачот за батерии може да не
испорачува енергија на некои USB-уреди.
НАПОМЕНА:
Кога не се користи или по полнење,
отстранете го USB-кабелот и затворете го капакот.
НАПОМЕНА:
Енергијата на батеријата се
троши додека прекинувачот е вклучен. Секогаш
исклучувајте го прекинувачот кога не се користи.
НАПОМЕНА:
Кога се полнат повеќе USB-уреди
во низа, почекајте околу 10 секунди откако
полнењето на претходниот уред завршило пред да
започнете со полнење на следниот уред.
Примери за употреба
Со затегнување на патент-копчињата и каишот на
ќебето, може да го користите ќебето за загревање на
рамениците и струкот.
►
Сл.13
►
Сл.14:
1.
Патент-копче
2.
Каиш
►
Сл.15:
1.
Патент-копче
2.
Каиш
ЗАБЕЛЕШКА:
За спречување на штетата на
грејниот елемент во внатрешноста на ќебето,
не користете го ќебето како перниче или килим.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога го носите ќебето на
рамениците или струкот, зацврстете го патент-
копчето или стегнете го каишот.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред проверки или
одржување, секогаш проверувајте дали ќебето
е исклучено и касетата за батерија е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Доколку ќебето не се
вклучува или се открие некаков недостаток
со целосно наполнета касета за батерија,
исчистете ги терминалите на држачот за
батерии и касетата за батерија. Доколку ќебето
сè уште на работи правилно, престанете да го
користите и контактирајте со нашиот овластен
сервисен центар.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Чистење на ќебето
•
Пред перење, извадете го држачот за батерии
(или продолжниот кабел) од ќебето.
•
Пред перење, складирајте го кабелот за
напојување во внатрешноста на џебот за
батерии и затворете го патентот.
•
Следете ги упатствата на ознаката.
•
Не перете го ќебето со други алишта. Тоа може
да предизвика избледување на бојата или
пренесување на боите.
•
Не користете омекнувач за алишта.
•
Користете само неутрален детергент.
•
По перењето, веднаш извадете го ќебето од
машината за перење.
Складирање
Кога не се користи, извадете го држачот за батерии
од ќебето. Складирајте го ќебето во торбата за
складирање.
►
Сл.16:
1.
Торба за складирање
ЗАБЕЛЕШКА:
Не складирајте го ќебето со
предмет со остри рабови.
Тоа може да го оштети
ќебето.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не складирајте ги држачот за
батерии и ќебето со инсектицид што содржи
нафталин или камфор.
Тоа може да ги кородира
пластичниот дел и изолацијата на кабелот.