03
МАКЕДОНСКИ
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Следните безбедносни упатства се наменети за да спречат непредвидени
ризици или штети од небезбедно или неправилно користење на
производот.
Упатствата се поделени на „ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и „ВНИМАНИЕ“ како што
е опишано подолу.
Овој симбол означува предмети и активности што може да
предизвикаат ризик. Прочитајте го внимателно делот со овој
симбол и следете ги упатствата за да избегнете ризик.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
- Ова покажува дека непочитувањето на
упатствата може да предизвика сериозна повреда или смрт.
ВНИМАНИЕ
- Ова покажува дека непочитувањето на упатствата
може да предизвика лесна повреда или мала штета на производот.
За да се намали ризикот од пожар, струен удар или повреди на лица
при користење на производот, треба да се почитуваат основните
безбедносни мерки, вклучително следните.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ДЕЦА ВО ДОМАЌИНСТВОТО
Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (вклучително деца) со
намалени физички, сетилни или ментални способности, или со недоволно искуство
и знаење, освен ако се под надзор или ако добиваат упатства за употребата на
апаратот од лице коешто е одговорно за нивната безбедност. Децата треба да
бидат под надзор за да не се дозволи да си играат со апаратот.
За употреба во Европа:
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со намалени
физички, сетилни или ментални способности или со недоволно искуство и знаење,
ако се под надзор или добиваат упатства за употребата на апаратот на безбеден
начин и ги разбираат опасностите што можат да произлезат. Деца не смеат да
си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не смеат да го прават деца без
надзор.
Деца помали од 3 години треба да се држат понастрана од апаратот, освен ако се
под надзор.