
50
Што сум јас?
Инструкции за играта
Цел на играта:
Ова е игра во којашто треба да го погодите тајниот лик/предмет на противникот.
Подготовки:
Секој играч зема табла, тајно избира лик/предмет и го поставува во просторот на
празниот БЕЛ прозорец на својата табла.
Проверете дали СИНИТЕ прозорци ги содржат останатите 11 ликови/предмети;
сите 12 прозорци се ОТВОРЕНИ и противникот не може да ги види вашите ликови/
предмети.
Начин на играње:
1. Започнува најмладиот играч.
2. Играчите се обидуваат да ги откријат избраните ликови/предмети на другите со
наизменично поставување прашања меѓу себе коишто мора да се одговорат само
со ДА или НЕ.
Пример: Прашувате „Дали твојот лик/предмет носи шапка?“
Противникот одговара „Не!“
MK