290
Често поставувани прашања (ЧПП)
П1: Што да направам ако се појават некои од следниве проблеми кога го
конфигурирам насочувачот?
• Ако уредот не ја открие мрежата Wi-Fi на насочувачот: уверете се дека насочувачот е
вклучен. Почекајте малку (додека насочувачот да стартува) и обидете се повторно да
пребарате на уредот.
• Ако не можете да ја посетите страницата за конфигурирање на насочувачот на уредот:
уверете се дека уредот е поврзан на мрежата Wi-Fi на насочувачот, па внесете 192.168.3.1
во прелистувачот за да ја посетите страницата на уредот.
• Ако на страницата се прикажува „Кабелот е исклучен“: уверете се дека портата WAN
на насочувачот е поврзана со портата LAN на модемот и дека модемот има пристап на
интернет. Проверете дали сите приклучоци се безбедно поврзани и имаат добар контакт и
дека мрежните кабли се во добра состојба.
Ако проблемот не е решен, вратете го насочувачот на фабричките поставки и следете го
упатството за повторно да ги поврзете каблите и да го конфигурирате насочувачот.
П2: Како да го обновам насочувачот на фабричките поставки?
Поврзете го насочувачот со напојувањето и почекајте насочувачот да го заврши процесот
на стартување. Користете игла за да го притиснете копчето
RESET
на насочувачот подолго
од две секунди додека сијаличката на показателот не се исклучи. Почекајте насочувачот да
го заврши процесот на престартување. Кога показателот ќе светне црвено, тоа значи дека
насочувачот е обновен на фабричките поставки.
Ако насочувачот е обновен на фабричките поставки, треба да го конфигурирате повторно.