
26
MK
Нашите производи се опремени со компоненти кои што не се
штетни за животната средина и здравјето и се изработени со
можност што поедноставно да се расклопат и рециклираат во
последната фаза од нивниот работен циклус.
Со рециклирањето на материјалите ја намалуваме количината на
отпад и ја намалуваме потребата од производство на основни материјали
(на пример метали), што бара огромна енергија и предизвикува испуштање
штетни материи. Со постапките на рециклажа ја намалуваме
потрошувачката на природни ресурси, бидејќи на тој начин можеме
повторно да ги вратиме отпадните делови од пластика и метали во
различни производни процеси.
За повеќе информации во врска со системот за фрлање отпадоци
посетете го својот центар за исфрлање на отпадоците или трговецот каде
што бил купен производот.
Почитуван купувач, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со
купувањето на нашиот производ!
ВЕ МОЛИМЕ, ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА
ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.
Греалката е изработена согласно со важечките стандарди и уредно испробана,
исто така за неа се издадени цертификат за безбедност и цертификат за
електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички карактеристики
се наведени на табличката, што е залепена помеѓу приклучните цевки на
апаратот. Приклучувањето на бојлерот на електричната или водоводната
мрежа може да го изврши само оспособено стручно лице. Интервенирањето во
неговата внатрешност поради поправки, отстранување на бигор, може да ги
врши само овластена сервисна служба.
ВГРАДУВАЊЕ
Греалката вградете ја што поблиску до изливното место. Доколку греалката ја
вградите во просторот кадешто се наоѓа кадата за бањање или туширање,
треба задолжително да се почитуваат барањата на стандардот IEC 60364-7-701
(VDE 0100, Teil 701). Гралката прицврстете ја на ѕидот со две завртки за
ѕидови, со номинален пречник од најмалку 8 мм. Ѕидовите и таваните со мала
носилност треба на местото каде што ќе ја прикачите греалката соодветно да ги
зајакнете. Греалките прицврстувајте ги на ѕидот само вертикално.
Summary of Contents for TGR 50-100 XNGU
Page 1: ...TGR 50 100 XNGU...
Page 2: ...2...
Page 25: ...MK 25 8 0 6 6 0 9 9 1 0 MPa 10 0 1 1 130 C...
Page 26: ...26 MK IEC 60364 7 701 VDE 0100 Teil 701 8...
Page 27: ...MK 27 0 1 1 A B C TGR 50 X 570 405 145 TGR 80 X 775 605 150 TGR 100 X 935 755 160...
Page 28: ...28 MK 3 1 7 5 3 5 4 6 3 2 8 1 2 3 4 5 6 7 8 H T...
Page 29: ...MK 29 1 5 2 H05VV F 3G 1 5 2 10 C 65 C 5 C 0 C eco 55 C 1 2 3 4 L N 230 V L N 3 2...
Page 30: ...30 MK 10 C...
Page 32: ...03 2016 498087...