11
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА МК
Општ опис
1.
Капак
2.
Копче за отворање на капакот
3.
Копче за вклучување / исклучување
4.
Основа
5.
Отвор за налевање
Важно
Пред употреба на апаратот, внимателно
прочитајте го упатството за употреба и
зачувајте го за идна употреба.
Пред да го приклучите апаратот, проверете
дали напонот наведен на основата на бокалот
одговара на напонот на локалната мрежа.
Користете го овој бокал исклучиво во
комбинација со неговата оригинална основа.
Секогаш поставувајте ја основата на сува,
рамна и стабилна површина.
Овој апарат може да го користат деца на
возраст од 8 години и повеќе и лица со
намалени физички, сетилни и ментални
способности или лица без искуство или
знаење, под услов да се под надзор или да им
се дадени релевантни упатства во врска со
користењето на апаратот на безбеден начин и
да се свесни за опасностите што
произлегуваат.
Деца не смеат да си играат со апаратот.
Деца на возраст под 8 години не треба да го
чистат или да го одржуваат апаратот, доколку
не се под надзор.
Апаратот и кабелот чувајте ги подалеку од
дофат на деца. Не оставајте го кабелот да виси
од работ од масата или работната површина.
Непотребната должина од кабелот можете да
ја намотате на основата на апаратот.
Кабелот, бокалот и основата чувајте ги
подалеку од топли површини.
Не употребувајте го апаратот доколку кабелот,
приклучокот, основата или бокалот се
оштетени.
Доколку струјниот кабел е оштетен, мора да го
замени Горење, неговиот овластен сервисен
центар или соодветно обучени стручни лица,
за да се избегне опасност.
Не потопувајте го апаратот или основата во
вода или други течности.
Бокалот служи исклучиво за зовривање вода.
Не го користете за загревање на супи и други
течности или храна во тегла, шише или
конзерва.
Зовриената вода може да предизвика тешки
изгореници. Бидете внимателни кога во
бокалот има зовриена вода.
Никогаш не преполнувајте го бокалот над
ознаката за максимално ниво. Доколку бокалот
е преполн, врелата вода може да се излие од
отворот за налевање и да предизвика
изгореници.
Не отворајте го капакот додека водата врие.
Внимавајте при отворање на капакот
непосредно по зовривање на водата: пареата
што испарува од бокалот е многу жешка.
Избегнувајте да го допирате надворешниот дел
на бокалот, бидејќи многу се вжештува при
работа.
Секогаш кревајте го бокалот држејќи го за
рачката.
Секогаш проверувајте дали водата го покрива
газерот на бокалот, за да спречите да бокалот
да врие на празно.
На газерот на бокалот може да се јави
кондензација на вода. Ова е сосема нормално
и не значи дека бокалот е неисправен.
Во зависност од тоа колку е тврда водата во
вашата средина, при употребата на вашиот
бокал може да се појават мали дамки на
грејачот. Со текот на времето, оваа појава се
јавува како резултат од наталожениот бигор на
грејачот и на внатрешноста на бокалот. Колку е
водата потврда, толку побргу се наталожува
бигор. Бигорот може да биде во различни бои.
Иако бигорот е безопасен, премногу бигор
може да влијае врз работата на бокалот.
Редовно отстранеувајте го бигорот од бокалот,
следејќи ги насоките дадени во делот од
упатството со наслов „Отстранување на бигор“.
Summary of Contents for K15DWS
Page 11: ...11 1 2 3 4 5 8 8...
Page 16: ...16 8 Gorenje Gorenje 2012 19 EU waste electrical and electronic equipment WEEE...
Page 17: ...17 EMF Gorenje EMF 10 1 2 3 4 5 1 2 3 4 5 6 5 3 18 18 1 2 8 3 4 5 6...
Page 33: ...33 UA 1 2 3 4 5 8 8 Gorenje...
Page 34: ...34 2012 19 EU waste electrical and electronic equipment WEEE Gorenje 10 1 2 3 4 5 1 2 3 4 5 6...
Page 35: ...35 5 3 18 dH 18 dH 1 2 8 3 4 5 6 Gorenje Gorenje Domestic Appli nces GORENJE...
Page 36: ...36 RU 1 2 3 4 5 8 8...
Page 37: ...37 2012 19 EU waste electrical and electronic equipment WEEE Gorenje 10 1 2 3 4 5...
Page 38: ...38 1 2 3 4 5 6 I 1 18 dH 18 dH 1 2 8 3 4 5 6 Gorenje Gorenje Domestic Appliances...