![Gorenje K10BY Instruction Manual Download Page 30](http://html1.mh-extra.com/html/gorenje/k10by/k10by_instruction-manual_2245961030.webp)
30
ОДЛОЖЕН СТАРТ НА РАБОТАТА НА АПАРАТОТ (PRESET)
Функцијата за одложен старт може да се користи за две програми: загревање на вода за млечна формула
за доенчиња и подгревање на млеко. Оваа функција ви дозволува да подесите одложување на почетокот
на работа на апаратот. Најдолгото можно одложување е 24 часа.
1.
Притиснете го тастерот за избор на програма (P2/1) за да ја изберете посакуваната програма.
Сијаличката над избраната програма ќе се запали. Сијаличката над програмата за загревање на вода за
млечна формула за доенчиња исто така ќе засвети. Ако повторно го притиснете тастерот за избор на
програмата, сијаличката над програмата за подгревање на млеко ќе засвети.
2.
Кога ќе ја изберете посакуваната програма (загревање на вода за млечна формула за доенчиња или
подгревање на млеко) на ЛЦД екранот ќе се појават симболот за временска функција (тајмер) (P3/3),
симбол за температура (P3/4), и симбол за подесување на програмата (P3/5). Подесеното време е 60
минути, но може да се прилагоди со користење на тастерите + и – . По три секунди, симболот за
подесување на програмата (P3/5) ќе се префрли во симболот за работа (P3/6).
3.
Апаратот автоматски ќе се префрли во режим на штедење на електрична енергија.
4.
Кога ќе истече подесеното време на одложување, апаратот автоматски ќе се вклучи и ќе започне со
работа во избраната функција.
5.
Исклучете го апаратот по употреба.
ЧИСТЕЊЕ
Пред чистење на апаратот, уверете се дека апаратот е исклучен од електричната мрежа и
оставете го апаратот целосно да се олади.
Исплакнете го капакот и садот со топла вода. Не користете абразивни или агресивни средства за
чистење. Користете влажна крпа за да ја исчистите внатрешноста и надворешноста на апаратот.
Не мијте го садот и капакот во машина за миење на садови.
Отстранување на бигор од апаратот
Редовното отстранување на бигор од апаратот го продолжува векот на користење на апаратот.
При вообичаено користење на апаратот, се препорачува отстранувањето на бигор да се врши на
следниве временски интервали:
Еднаш на секои три месеци ако водата во вашиот систем за водоснабдување е мека (до 18 dH),
Еднаш месечно ако водата во вашиот систем за водоснабдување е тврда (над 18 dH).
1.
Наполнете го апаратот со раствор од оцет и вода (50 ml бел оцет што содржи 8% оцетна киселина и
100 ml
вода).
2.
Вклучете го апаратот и изберете ја програмата за подгревање на млеко.
3.
Оставете го апаратот да работи 10 минути.
4.
Оставете го растворот во апаратот се додека бигорот целосно не се раствори.
5.
Пред да го испразните апаратот, исклучете го од електричната мрежа.
6.
Внимателно исплакнете ја внатрешноста на апаратот.
Повторете ја постапката ако се уште има останато бигор во апаратот.
Можете да користите соодветно средство за отстранување на бигор. Во ваков случај, следете ги
упатствата за користење наведени на амбалажата на средството за отстранување на бигор.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
На крајот на векот на користење на апаратот ве молиме не фрлајте го апаратот заедно со другиот
комунален отпад од домаќинството. Наместо тоа, однесете го во овластен центар за рециклирање
на отпад. Со ова, вие допринесувате во зачувување на животната средина.
ГАРАНЦИЈА И ПОПРАВКИ
За повеќе информации или во случај на проблеми, ве молиме контактирајте го Центарот за грижа
на корисници на Горење во вашата земја (телефонскиот број е наведен во Меѓународниот
Summary of Contents for K10BY
Page 24: ...24 A B C D E F 8 8 P 1...
Page 25: ...25 2012 19 EC WEEE...
Page 31: ...31...
Page 39: ...39 BG A B C D E F 8 8 P 1...
Page 40: ...40 Gorenje Gorenje 2012 19 E WEEE EMF Gorenje EMF...
Page 41: ...41 LCD 1 2 3 4 5 6 7 1 P2 2 10 2 P2 1 3 3 5 4 5 6 7 1 2 P 2 P 3...
Page 81: ...81 UA A B C D E F 8 8 P 1...
Page 82: ...82 Gorenje 2012 19 EC WEEE Gorenje...
Page 87: ...87 1 50 8 100 2 3 10 4 5 6 Gorenje Gorenje Gorenje GORENJE...
Page 88: ...88 RU A B C D E F P1...
Page 89: ...89 2012 19 EU Waste Electrical and Electronic Equipment WEEE...
Page 94: ...94 1 50 8 100 2 3 10 4 5 6 119180 4 1 GORENJE...