
MK - 71
пред да се замрзнат одново.
• Кога одмрзнувањето ќе биде готово,
исчистете ја внатрешноста на уредот
со раствор од топла вода и малку сода
бикарбона и потоа исушете темелно.
Измијте ги сите делови што може да
се извадат на ист начин и повторно
ставете ги на место. Поврзете го
замрзнувачот во струја и оставете го
да работи 2 до 3 часа на поставена
вредност MAX пред да ја вратите
храната во него.
Замена на ЛЕД-светилката
За замена на ЛЕД-светилките ве молиме
контактирајте го најблискиот овластен
сервисен центар.
Забелешка:
Броевите и локацијата
на ЛЕД лентите може да се
различни во зависност од моделот.
6 ТРАНСПОРТ И
ПРЕМЕСТУВАЊЕ
6.1 Транспорт и менување позиција
• Може да ги зачувате оригиналното
пакување и пената за повторен
транспорт (по избор).
• Прицврстете го апаратот со дебело
пакување, ремени или издржливи
јажиња и следете ги упатствата за
транспорт дадени на пакувањето.
• Отстранете ги сите отстранливи
делови (фиоки, садови за мраз,
итн.) или фиксирајте ги на апаратот
со самолеплива лента во текот на
преместувањето или транспортот.
Секогаш транспортирајте го
апаратот во исправена положба.
6.2 Менување на положбата на
вратата
• Правецот на отворање на вратата од
апаратот не може да се смени доколку
рачките на вратата се поставени на
надворешната страна на вратата.
• Правецот на отворање на вратата
може да се смени само кај модели без
рачки.
• Ако правецот на отворање на вратата
на апаратот може да се смени, треба
да контактирате со најблискиот
овластен сервис за да го сменат
правецот на отворање.
Summary of Contents for F 2451
Page 82: ...52366200 ...