МК - 16
5.2 Ставање на алиштата во машината
• Отворете ја вратата од машината.
• Распоредете ги рамномерно
алиштата во машината.
ЗАБЕЛЕШКА:
Внимавајте да не го надминете
максималното полнење на барабанот,
бидејќи тоа доведува до лоши резултати
од перењето и предизвикува туткање. За
повеќе информации околу капацитетот
на полнење погледнете ги табелите за
програми за перење.
Следната табела ги прикажува
приближните тежини на вообичаените
парчиња алишта:
ТИП НА ОБЛЕКА
ТЕЖИНА (gr)
Пешкир
200
Платно
500
Бањарка
1200
Прекривка
700
Навлака за перница
200
Долна облека
100
Чаршав за маса
250
• Ставете го секое парче одделно во
машината.
• Проверете да нема заглавени
парчиња помеѓу гумениот обрач и
вратичката.
• Нежно притиснете ја вратичката
додека не “кликне“ дека е затворена.
клик
• Погрижете се вратичката да е
целосно затворена, во спротивно
програмата нема да започне.
5.3 Ставање детергент во машината
Количината на детергент што ја ставате
во машината зависи од следниве
критериуми:
• Доколку алиштата не се многу
извалкани, не ја користете опцијата за
предперење. Ставете мала количина
детергент (како што е наведено од
производителот) во одделот II од
фиоката за детергент.
• Доколку алиштата се премногу
извалкани, изберете ја опцијата
за предперење и во одделот I од
фиоката за детергент ставете ¼ од
детергентот кој ќе го користите, а
останатата количина ставете ја во
одделот II.
• Користете детергенти кои се
произведени за автоматски машини
за перење. Следете ги упатствата
од производителот за тоа колкава
количина на детергент треба да
употребите.
• Во области со тврда вода, потребно е
да се стави повеќе детергент.
• Количината на потребен детергент
се зголемува со зголемување на
количината на алиштата.
• Ставете омекнувач во средниот
оддел од фиоката за детергент. Не
надминувајте го нивото MAX (МАКС.).
• Густите омекнувачи може да
предизвикаат затнување на фиоката
и треба да се растворат.
• Може да користите течни детергенти
во сите програми без да ја користите
опцијата за предперење. За да го
направите ова, лизгајте ја плочката
за ниво на течен детергент (*) во
жлебовите во одделот II од фиоката
за детергент. Користете ги линиите
на плочката како водач за да ја
наполните фиоката до потребното
ниво.
(*) Спецификациите може да се
разликуваат во зависност од купениот
производ.
Summary of Contents for A-5101
Page 1: ...МК Машина за перење Упатство за употреба A 5101 ...
Page 35: ... ...
Page 36: ...52366035 ...
Page 37: ...SR Mašina za pranje veša Uputstvo za upotrebu A 5101 ...
Page 71: ... ...
Page 72: ...52366037 ...
Page 73: ...Washing Machine User Manual EN A 5101 ...
Page 101: ...EN 26 ...
Page 102: ...EN 27 ...
Page 103: ...EN 28 ...
Page 104: ...52366034 ...
Page 105: ...Makinë larëse Manual i shfrytëzuesit SQ A 5101 ...
Page 137: ... ...
Page 138: ... ...
Page 139: ... ...
Page 140: ...52366036 ...