❏
Не оставајте заглавена хартија во печатачот. Тоа може да предизвика презагревање на
печатачот.
❏
Никогаш не истурајте каква било течност врз печатачот.
❏
Прилагодувајте ги само оние контроли што се опфатени во инструкциите за работа.
Неправилно прилагодување на другите контроли може да резултира во оштетување и ќе
изискува поправка од страна на квалификуван сервисер.
❏
Не исклучувајте го печатачот:
- По вклучувањето на печатачот, почекајте додека не се вклучи светилката Подготвен/
Податоци.
-Додека трепка светилката за Подготвен/Податоци.
- Додека печати.
❏
Избегнувајте да ги допирате компонентите во печатачот освен ако не сте упатени да го
сторите тоа во ова упатство.
❏
Не изложувајте го барабанот на собна светлина повеќе од пет минути. Изложувањето на
светлина може да го оштети барабанот со што ќе се предизвика појава на темни или светли
делови на отпечатената страница и ќе се намали употребливоста на барабанот.
❏
Внимавајте да не ја изгребете површината на барабанот. Избегнувајте допирање на
барабанот бидејќи маслото од кожата може трајно да ја оштети површината и да повлијае
врз квалитетот на печатењето.
❏
Следете ги сите предупредувања и упатства посочени на печатачот.
❏
Не обидувајте се сами да го сервисирате овој печатач освен како што е специфично
објаснето во документацијата на печатачот.
❏
Периодично исклучувајте го приклучокот од електричниот штекер и чистете ги сечивата.
❏
Не исклучувајте го приклучокот додека работи печатачот.
❏
Ако печатачот нема да се користи долго време, исклучете го приклучокот од електричниот
штекер.
❏
Исклучете го печатачот од ѕид пред чистење.
❏
Користете добро исцедена крпа за чистење и не користете течност или аеросолни средства
за чистење.
Epson AcuLaser M1400 Series Safety Information Guide
Безбедносни упатства
5