83
Информации за потрошувачите:
Ве молиме поставете ја пумпата накосено во водата, за да може воздухот да
излезе од подот на пумпата.
Совети за употреба:
Приклучување во електричниот штекер: пумпата смее да биде приклучена само
во онаков штекер, што има прекинувач за погрешна струја и е опремен со уред
за земјена заштита. Пумпата е пуштена во работа кога утикачот ќе биде уштекан во
соодветниот штекер.
Подесување на моментот на вклучување/исклучување:
Моментот на вклучување/исклучување на пловниот прекинувач може да биде
подесен со негова промена во држачот за кабел на пловниот прекинувач.
Ве молиме, пред да почнете со работа проверете ги следниве точки:
• Пловниот прекинувач мора да биде подесен на тој начин што висината на моментот
на вклучување/исклучување: да се достигне лесно и со помала употреба на
енергија. Проверете го гореспомнатото на тој начин што ќе ја положите пумпата
во сад наполнет со вода и внимателно рачно ќе го подигате пловниот прекинувач,
а потоа повторно ќе го спуштите во вода. Така, можете да се уверите дали пумпата
е вклучена или исклучена.
• Исто така, внимавајте да не биде премало растојанието помеѓу главата на
пловниот прекинувач и на држачот за кабел. При прекратко растојание не може
да се гарантира исправно функционирање.
• При подесувањето на пловниот прекинувач внимавајте да не го допре подот пред
да се исклучи пумпата. Внимание! Опасност од суво работење.
Заштита од преоптоварување/прекинувач за термички мотор:
Потопната пумпа е опремена со прекинувач за термички мотор. Ако се прегрее
моторот, тогаш прекинувачот за термичкиот мотор автоматски ја исклучува пумпата.
Времето на оладување изнесува 25 минути, по што пумпата автоматски се вклучува.
Ако прекинувачот на моторот е вклучен, задолжително треба да се пронајде
и отстрани причината (исто така погледнете “Наоѓање на дефектот“) Информациите
што се прикажани овде не треба да послужат за извршување „домашни“ поправки,
туку поправките треба да бидат извршени од страна на стручно лице. Доколку
настане дефект, потребно е секогаш да се обратиме на службата за клиенти.
1220364_BDA.indd 84
24.11.14 16:12