25
Нашите производи се создадени со цел да ги
исполнат највисоките стандарди за квалитет,
функционалност и дизајн. Се надеваме дека
вистински ќе уживате употребувајќи го Braun
Silk·épil 7 епилаторот.
Ве молиме внимателно да го прочитате
упатството пред да го употребувате апаратот,
и да го сочувате упатството за понатамошни
консултации.
Braun Silk·épil 7 епилаторот е дизајниран
на начин што успева многу ефикасно да ги
отстранува несаканите влакна, нежно и лесно.
Неговиот веќе докажан епилационен систем
ги отстранува влакната од корен, оставајќи ја
вашата кожа мазна со недели. Влакната кои
подоцна растат, растат меки и нежни, и се
разбира никогаш нема да изгледате неиздепи-
лирани.
Важно
•
Од хигиенски причини не делете го овој
апарат со други.
•
Овој апарат оди во комбинација со специјален
кабелски сет со интегриран Safety Extra Low
Voltage адаптер. Не се разменувајте и не
манипулирајте со ниеден дел од овој апарат,
затоа што така има ризик од електричен шок.
•
Овој апарат е погоден за употреба при
бањање или пак туширање. Од без-
бедносни причини смее да се употре-
бува без кабелот да биде приклучен.
•
Деца над 8 години и лица со намалени
физички, сетилни или психички способности
или лица кои немаат доволно искуство или
знаење, може да го користат апаратот само
под надзор и ако им се објасни како безбедно
да го користат и им е објаснета потенцијалната
опасност. Не е дозволено деца да играат со
апаратот. Деца над 8 години може чистат или
одружаваат апаратот само кога се под надзор.
•
Кога апаратот е вклучен, истиот не смее да
дојде во контакт со влакната на вашата глава,
со трепките итн., за да се заштитите од која
било можна опасност или пак повреда, како и
со цел да го заштитите вашиот апарат од тоа
да се заглави или оштети.
•
Никогаш не ја употребувајте епилациската
глава (2) без заштитата наменета за неа.
Општи информации за епилирањето
Сите методи за отстранување на влакната од
корен доведуваат до растење на поткожни
влакна и иритација (на пример чешање, неудоб-
ност и зацрвенување на кожата) зависно од сос-
тојбата на кожата и влакната. Ова е нормална
реакција и обично исчезнува брзо, но може да
биде поинтензивно кога ги отстранувате
влакната од корен првите неколку пати или
доколку имате чувствителна кожа.
Доколку после 36 часа кожата сеуште е
иритирана, ве советуваме да се консултирате со
вашиот дерматолог. Општо земено, реакцијата
на кожата и чувството на болка исчезнуваат со
постојана употреба на Silk·épil.
Во некои случаи воспалението на кожата се
појавува доколку некоја бактерија навлезе во
кожата (на пример, кога го лизгате апаратот по
кожата). Длабинското чистење на епилациската
глава пред употреба го минимализира ризикот
од инфекција.
Доколку имате какви било сомнежи за употре-
бата на овој апарат, ве молиме консултирајте
дерматолог. Во следниве случаи би требало да
консултирате дерматолог пред да го употребите
апаратот:
– егземи, рани, воспалени кожни реакции како
на пример фоликулит (загноени фоликули на
влакната), проширени вени,
– околу младежите,
– намален имунитет на кожата, на пример
диабетис, за време на бременост, Рејнолдова
болест, хемофилија, кандида или недоволен
имунитет.
Неколку корисни совети
Доколку претходно не сте употребувале епила-
тор, или ако не сте се епилирале подолг времен-
ски период, можеби ќе треба да помине кратко
време додека кожата се адаптира на епилација.
Неудобноста која ќе ја почувствувате на почето-
кот, ќе се редуцира со континуираната употреба,
заради тоа што кожата се адаптира на овој
процес.
Епилацијата е наједноставна и поудобна кога
влакната се од 2 до 5мм долги. Доколку
влакната се подолги, ви препорачуваме најпрво
да се избричите и да ги издепилирате
пократките влакненца, кои ќе подпораснат, што
значи дека во овој случај, треба да се епилирате
после првата или втората недела.
Доколку се епилирате првпат, препорачливо е да
се епилирате од вечер, за да може да исчезне
какво било црвенило за време на ноќта. За да ја
опуштите кожата ви препорачуваме да нанесете
хидратантна крема по епилацијата.
Може да се случи да влакната кои израснуваат
меки, да не ја пробијат кожата и излезат на
нејзината површина. Редовната употреба на
масажни сунѓери (на пример по туширањето)
или пак пилингот на мртвите фоликули го
спречуваат внатрешното растење на влакната.
Македонски
96701588_SE7569_CEEMEA_S6-44.indd 25
96701588_SE7569_CEEMEA_S6-44.indd 25
07.11.13 10:26
07.11.13 10:26