Srpski |
299
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на нормата
DIN 1053 дел 1 или прописите специфични за земјата.
Мора задолжително да се придржувате до овие прописи.
Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот
статичар, архитект или надлежните градежни
раководители за да се советувате.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од –
20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Складирајте и третирајте го приборот со внимание.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У “РОЈКА”
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата
и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и
батериите во домашната канта за ѓубре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската регулатива 2012/19/EU
електричните апарати што се вон употреба и дефектните
или искористените батерии според регулативата
2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се
рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт
(види „Транспорт“, Страница 299).
Srpski
Bezbednosne napomene
Opšta upozorenja za električne alate
UPOZORENJE
Čitajte sva upozorenja i uputstva.
Propusti kod pridržavanja
upozorenja i uputstava mogu imati za posledicu električni
udar, požar i/ili teške povrede.
Čuvajte sva upozorenja i uputstva za buduću upotrebu.
Bosch Power Tools
1 609 92A 5W4 | (13.07.2020)