142
| Македонски
1 609 92A 4AG | (22.05.2018)
Bosch Power Tools
Материјал
Примена
Гранулац
ија
– Авто лак
– Камен
– Мермер
– Гранит
– Керамика
– Стакло
– Плексиглас
– Стаклопластика
За претходно брусење
грубо
80
За обликување и кршење на рабови
среден
100
120
За фино брусење при обликување
фино
180
240
320
400
Мазно брусење и обликување на рабови
многу
фино
600
1200
Замена на сечилото за пила (види слика A)
За вадење на сечилото за пила
(6)
подигнете го
странично и извлечете го од брусниот диск
(5)
.
Пред да ставите ново сечило за пила, отстранете ја
нечистотијата и правта од брусниот диск
(5)
, на пр. со
четкичка.
Површината на брусниот диск
(5)
се состои од лепенка,
така што сечилата за пила со лепенка може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Цврсто притиснете го сечилото за пила
(6)
на долната
страна на брусниот диск
(5)
.
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на сечилото за пила да
одговараат со дупките на брусниот диск.
За едноставно подесување на брусниот лист
(6)
на
брусниот диск
(5)
можете да го користите помагалото за
подесување од куферот со алат прикажано на сликата.
Поставете го брусниот лист со лепливата лента нагоре на
помагалото за подесување и цврсто притиснете го
електричниот алат на брусниот диск.
Избор на брусен диск
Во зависност од употребата, електричниот алат може да
се опреми со брусни дискови со различна цврстина:
– Екстра меки брусни дискови: соодветни за полирање и
удобно брусење, и на заоблени површини.
– Средно цврсти брусни дискови: соодветни за сите
брусни работи, се поставуваат универзално.
– Цврсти брусни дискови: соодветни за висок брусен
капацитет на рамни површини.
Замена на брусен диск (види слика B)
Напомена:
Веднаш заменете ги оштетените брусни
дискови
(5)
.
Извлечете го брусниот лист одн. алатот за полирање.
Целосно одвртете ги 4-те завртки
(7)
и извадете го
брусниот диск
(5)
. Ставете го новиот диск за брусење
(5)
и повторно затегнете ја завртката.
Напомена:
При поставувањето на брусниот диск
внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во
отворите на брусниот диск.
Напомена:
Оштетениот носач на брусен диск смее да се
замени само од овластена сервисна служба за
електрични алати на Bosch.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2 .
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
u
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.