![Bosch GCM 8 SDE Original Instructions Manual Download Page 314](http://html.mh-extra.com/html/bosch/gcm-8-sde/gcm-8-sde_original-instructions-manual_49282314.webp)
314
| Македонски
Напомена:
Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување
(8)
не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Исклучување
– За
исклучување
отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување
(8)
.
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од
16‑A.
Напомена:
Доколку електричниот алат стартува веднаш
по вклучувањето со полн број на вртежи,
ограничувањето на стартната струја не работи.
Електричниот алат мора веднаш да се испрати во
сервисната служба. Адреси: Сервисна служба и совети
при користење.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
u
Секогаш затегнувајте ги копчето за
фиксирање
(21) и затезниот лост (41)пред
сечењето.
Инаку сечилото за пила може да се заглави
во делот што се обработува.
u
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
сечилото за пила во ниеден момент нема да ја
допре граничната водилка, столарските стеги или
другите делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Сечете само материјали, кои се дозволени за наменската
употреба.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на граничната водилка.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога ја водите рачката на алатот надолу, мора да
го отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го
водите рачката на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен
капак мора да се затвори преку сечилото за пила и да се
фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
Означување на линијата за сечење (види слика M)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на
сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може
точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате
осцилаторниот заштитен капак.
– За тоа, вклучете го ласерскиот зрак со
прекинувачот
(40)
.
– Насочете ги ознаките на делот што се обработува на
десниот раб на линијата на ласерот.
Напомена:
пред сечењето, проверете дали линијата на
сечење е точно прикажана. Ласерскиот зрак може да се
помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Позиција на корисникот (види слика N)
u
Не застанувајте во една линија со сечилото за пила
пред електричниот алат, туку секогаш странично од
сечилото за пила.
На тој начин, Вашето тело е
заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
– Не ги прекрстувајте дланките пред рачката на алатот.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални
делови за обработка:
Хоризонтален
агол на
закосување
Вертикален агол
на закосување
Висина x ширина
[мм]
0°
0°
70 x 312
45° (десно/лево)
0°
70 x 225
0°
45° (лево)
45 x 312
0°
45° (десно)
20 x 312
45°
45° (лево)
45 x 225
45°
45° (десно)
20 x 225
45° (десно/лево) 45° (лево со SDS-
болцни)
30 x 225
Минимални делови за обработка (= сите делови што се
обработуваат, што може да се затегнат со столарска стега
(28)
лево или десно од сечилото за пила): 100 x 40 mm
(должина x ширина)
макс. длабочина на резот (0°/0°): 70 mm
Менување на плочата за вметнување (види слика O)
Црвените плочи за вметнување
(19)
може да го истрошат
електричниот алат по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Одвртете ги завртките
(53)
со клуч со внатрешна
шестаголна глава (4 mm)
(34)
и извадете ги старите
плочи за вметнување.
– Ставете ја новата десна плоча за вметнување.
– Прицврстете ја плочата за вметнување со завртките
(53)
што е можно подесно, така што по целата
должина на можното повлекување на сечилото за пила
нема да дојде во контакт со плочата за вметнување.
– Повторете ги работните чекори аналогно за новата
лева плоча за вметнување.
Сечење
u
Секогаш затегнувајте ги копчето за
фиксирање
(21) и затезниот лост (41)пред
сечењето.
Инаку сечилото за пила може да се заглави
во делот што се обработува.
1 609 92A 5U6 | (14.10.2020)
Bosch Power Tools
Summary of Contents for GCM 8 SDE
Page 7: ... 7 J K L M 31 41 42 44 29 44 7 8 9 40 Bosch Power Tools 1 609 92A 5U6 14 10 2020 ...
Page 8: ...8 N O P Q R 19 33 14 53 54 55 36 4 32 1 609 92A 5U6 14 10 2020 Bosch Power Tools ...
Page 9: ... 9 90 S1 S2 T1 T2 9 7 40 9 56 41 57 42 30 58 44 Bosch Power Tools 1 609 92A 5U6 14 10 2020 ...
Page 11: ... 11 X Y 63 3 27 5 64 64 Bosch Power Tools 1 609 92A 5U6 14 10 2020 ...
Page 434: ...434 1 609 92A 5U6 14 10 2020 Bosch Power Tools ...