Македонски |
243
Совети при работењето
Работење со мерна трака (види слика D)
Во средината на помошта за ознаки
(1)
се наоѓа нултата точка на мерната трака
(12)
и може да се обележи директно на подлогата.
Напомена:
Ознаката на нултата точка може да се помести до ±1 mm од ласерската
линија.
Извлечете го куќиштето на мерната трака
(11)
од мерниот уред и обележете ги
другите точки на саканите растојанија на висина на ласерската линија. При
обележувањето, проверете дали светлечкиот прстен
(3)
останува да свети зелено и
дали мерниот уред е нивелиран.
Извлечете ја мерната трака
(12)
не подалеку од крајот на испечатената скала.
Мерната трака потоа автоматски се собира. Држете го куќиштето на мерната
трака
(11)
лабаво и дозволете мерната трака полека да се повлече. Внимавајте
куќиштето на мерната трака да се вклопи во отворот на мерниот уред.
Напомена:
Извлечената мерна трака не ја испуштајте. При неконтролирано
повлекување, мерната трака може да се оштети.
Калибрирање на ласерска линија
Извршете калибрација во следниве случаи:
– по силен пад или удар,
– на секои 6 месеци.
Проверете го нивелирањето на ласерската линија ако е потребно на позната
хоризонтална или вертикална референтна линија.
Секогаш извршувајте ја калибрацијата внимателно и целосно за да избегнете
погрешни резултати од мерењето.
– Прицврстете го мерниот уред на вертикална површина.
– Притискајте на копчето за вклучување/исклучување на вклучениот или
исклучениот мерен уред
(2)
сѐ додека ласерскиот зрак трепка и светлечкиот
прстен
(3)
се изгаси.
– Вртете го куќиштето на мерниот уред полека и рамномерно еднаш за повеќе од
360° (во насока на стрелките на часовникот или во спротивна насока на
стрелките на часовникот.). Вртењето треба да трае најмалку 15 s.
– Калибрирањето е успешно завршено веднаш штом светлечкиот прстен
(3)
ќе
засвети зелено.
– Доколку по калибрирањето, светлечкиот прстен
(3)
свети црвено,
калибрирањето не било успешно. Започнете го одново калибрирањето.
Bosch Power Tools
1 609 92A 55E | (12.05.2020)