Македонски |
203
Bosch Power Tools
F 016 L70 973 | (8.5.14)
Не поткаструвајте додека
врне и не оставајте го
тримерот на отворено кога
врне.
Внимавајте предмети коишто летаат
од косачката да не ги повредат
личностите коишто стојат околу
уредот.
Предупредување: Држете се на
безбедно растојание од косачката
додека таа работи.
Полначот употребувајте го
само во суви простории.
Полначот е опремен со
безбедносен трансформатор.
Ракување
Поради напредниот систем на
косење, овој уред при секое
активирање на моторот откинува
едно парче од конецот за косење.
Оваа косачка не е наменета на
личности (и деца) со ограничени
физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на
искуство и знаење, освен ако не
им се обезбедени соодветни
инструкции или надзор за
употреба на косачката од страна
на личност одговорна за нивната
безбедност.
Внимавајте децата да не си играат
со косачката.
Никогаш не дозволувајте им на
деца или на необучени лица да гo
употребуваат тримерот.
Државните прописи можат да ја
ограничат возраста на ракувачот.
Тримерот чувајте го вон дофат на
деца и кога не е во употреба.
Не употребувајте го тримерот со
оштетени или истрошени
штитници, или ако штитниците не
се монтирани.
После монтажата на заштитниот
капак, внимателно отстранете ја
фолијата од сечилото.
Пред употреба и после удар
проверете дали е уредот оштетен
или изабен и спроведете ги
евентуалните потребни поправки.
Не употребувајте ја машината ако
сте уморни, болни или под
влијание на алкохол, лекови или
дрога.
Носете долги пантолони од крут
материјал, цврсти чевли и
ракавици. Не носете лабава
облека, накит, куси пантолони, и
сандали и не работете боси. Ако
имате долга коса, врзете ја над
рамената, за да спречите нејзино
заплеткување во подвижните
делови на уредот.
Кога уредот е во употреба
носете заштитни очила и
слушалки.
Стојте стабилно и секогаш
одржувајте рамнотежа. Не
исцрпувајте се.
Никогаш не користете го тримерот
кога во близина има други лица, а
особено деца или животни.
OBJ_BUCH-1929-001.book Page 203 Thursday, May 8, 2014 9:38 AM